Никогаш не одложувај го бакнувањето на убава девојка или отворањето на шише виски


Никогаш не одложувај го бакнувањето на убава девојка или отворањето на шише виски

Авторот на „Старецот и морето“, „За кого бијат камбаните“, „Снеговите на Килиманџаро“ очигледно имал само една поголема љубов од пишувањето – алкохолот.

Citati-na-Hemingvej-za-alkoholot-01.jpg

Хемингвеј обожавал да пие алкохол, но апстинирал додека пишувал. Многумина сметаат дека неговиот омилен пијалак бил мохитото поради тоа што живеел во Хавана, но сувото мартини бил неговиот омилен коктел.

Особено го сакал и ароматизираниот вермут, а пијалаците ги консумирал исклучиво „грч“ ладни.

Постојат многу приказни кои се плетат околу љубовната врска наречена Хемингвеј – алкохол; од оние дека тој го измислил познатиот коктел Блади Мери (што секако, не е вистина) до шушкањата дека во подоцнежните години пиел по еден литар виски дневно.

Во секој случај, несомнено бил голем љубител и уживател на алкохолот. Неговите изреки поврзани со овој порок се неверојатни искрени, смешни и забавни.

Очигледно е дека не се дружел со луѓе кои не пијат алкохол или пак имаат предрасуди кон истиот.

Citati-na-Hemingvej-za-alkoholot (1).jpg

Хемингвеј не се грижел ниту за етикетите кои ќе ги добие, а следните цитати ја потврдуваат неговата искрена љубов кон алкохолот:

 1. Виното е благородно нешто. Прави да заборавиш на сè што е лошо.

 2. Пиењето вино не е снобизам, ниту знак за софистицираност, ниту култ; природно е како јадење и за мене неопходно.

 3. Пијам од кога имав 15 години и многу малку работи ми го дале тоа задоволство.

 4. Ова е добро место, рече тој. Има многу алкохол, се согласив.

 5. Пијам за да ги направам другите луѓе поинтересни.

 6. Модерниот живот е често пати механичко угнетување, а алкохолот е единственото механичко олеснување.

 7. Виното е едно од најцивилизираните нешта во светот.

 8. Не измачувајте се со цркви, владини згради или градски плоштади; доколку сакате да дознаете нешто за културата на едно место поминете вечер во нивните барови.

 9. Секогаш кога си трезен прави го она што си го кажал додека си бил пијан. Тоа ќе те научи да ја држиш устата затворена.

10. Никогаш не одложувај го бакнувањето на убава девојка или отворањето на шише виски.

Citati-na-Hemingvej-za-alkoholot (2).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 работи кои не сте ги знаеле за Хју Хефнер Хју Хефнер почина на 91-годишна возраст, во присуство на неговото семејство и не...
„Жената е столб на семејството“: Најдобрите цитати од Грејс Кели Сите ја знаеме како преубавата принцезата од Монако. Таа пред да стапи во брак с...
6 историски факти кои ќе ја променат вашата перцепција за времето Историјата се создава секојдневно во светот, но не секогаш можеме да го забележи...