Сам се потстрижува, не оди во тоалет: Чудни факти за најмладиот диктатор на светот Ким Џонг Ун


Сам се потстрижува, не оди во тоалет: Чудни факти за најмладиот диктатор на светот Ким Џонг Ун

Сам се потстрижува, постојано се смее на фотографии и има контрола дури и на поп музиката во државата.

ne-odi-vo-toalet-10-fakti-za-najmladiot-diktator-na-svetot-kim-dzong-un-01.jpg

Ким Џонг Ун е најмладиот диктатор во светот и има многу чудна биографија.

Лидерот на Северна Кореја е вечна тема за медиумите во целиот свет.

Дел од чудните факти за него:

Датумот на неговото раѓање е непознат

Има многу гласини околу роденденот на Ким, некои велат 8-ми јануари или 5-ти јули, 1982, можеби 1983 или пак 1984 година.

Во официјалните документи е запишана 1982 година, но тоа е само затоа што тој сака да изгледа постаро. Во секој случај, тој е најмладиот претседател на држава во светот.

ne-odi-vo-toalet-10-fakti-za-najmladiot-diktator-na-svetot-kim-dzong-un-02.jpg

Неговите веѓи стануваат пократки

На фотографиите направени низ годините се гледа дека нешто чудно се случува со неговите веѓи – тие се скратуваат.

Извори блиски до него тврдат дека тоа го прави затоа што сака да личи на татка си.

ne-odi-vo-toalet-10-fakti-za-najmladiot-diktator-na-svetot-kim-dzong-un-03.jpg

Неговото детство е завиено во мистерија

Тој не ги покажува фотографиите од детството, иако во 2014 неколку беа прикажани на една церемонија, но сепак не се знае со сигурност дали е тој навистина на фотографиите.

ne-odi-vo-toalet-10-fakti-za-najmladiot-diktator-na-svetot-kim-dzong-un-04.jpg

Бирал членови за локален женски бенд

Во Северна Кореја е многу популарна нивната поп музика, но за разлика од кај нас изведувачите често ги придружува воениот оркестар и во спотовите секогаш задолжително е да се прикаже колку убаво се живее во Северна Кореја.

Еден од најпознатите женски бендови им е „Moranbon“, за кој лично лидерот ја направил селекцијата.

ne-odi-vo-toalet-10-fakti-za-najmladiot-diktator-na-svetot-kim-dzong-un-05.png

Официјално носи низа ласкави титули

Лидер, ѕвезда, командант и што уште не. Дел од титулите на Ким се: „The highest leader of the DPRK, leader of the party, army and people“, „New star“, „The Brilliant Comrade“, „Genius among geniuses“, „Marshal of the DPRK“ итн.

Тој има диплома по физика од универзитетот Kim Il Sung и докторат по економија на приватниот малезиски универзитет HELP.

ne-odi-vo-toalet-10-fakti-za-najmladiot-diktator-na-svetot-kim-dzong-un-06.jpg

Студирал во Швајцарија под друго име

На престижен универзитет во Берн, Швајцарија, од 1998 до 2000 година, студент од Северна Кореја студирал под името Пак Еун или Непак, како син на член на амбасадата.

Според фотките со слаб квалитет од тој период, некои тврдат дека тоа бил Ким Џонг Ун, кој во младоста се интересирал за забава и спорт, а не за политика.

ne-odi-vo-toalet-10-fakti-za-najmladiot-diktator-na-svetot-kim-dzong-un-07.jpg

Уште 4 факти на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Факти кои ќе ве уверат дека светот е чудно место, полно со изненадувањ... Светот, покрај фактите кои ни се познати за него и за животот, крие уште многу м...
Бебињата се смеат за да им возвратите: Изненадувачки факти за обични р... Има многу работи кои во светот се случуваат секојдневно и се сосема нормални, а ...
„Жената е столб на семејството“: Најдобрите цитати од Грејс Кели Сите ја знаеме како преубавата принцезата од Монако. Таа пред да стапи во брак с...