Како изгледа бебе-сабјарка?

Океанскиот биолог Хуан Левеск направил неверојатна фотографија од бебе сабјарка кое се наоѓа на врвот од неговиот прст.

ako-ve-interesira-kako-izgleda-bebe-sabjarka-01

„Гладијаторот на морето“, како што се нарекува ова малечко суштество, додека е бебе може да се мери во милиметри, но кога ќе порасне достигнува должина од 3 метри.

„Сабјарките се риби кои брзо се развиваат“ – објаснува Левеск.

Истражувачите во Медитеранското Море предвиделе дека просечната стапка на растење на сабјарката е некаде помеѓу 0,3 и 0,6cm дневно.

Бебето сабјарка може изгледа невино и незаштитено, но како што објаснува Левеск „Овие риби се борци уште од првиот ден“

Нека не ве залажуваат – тоа веќе се храни со други риби-ларви.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Морничава фотка: Зошто не треба да ги оставате очилата во автомобилот кога е сончево? Пожарна служба од англиска област сподели фотка на која се гледа автомобил со из...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg