Најчудните причини зошто жените плачеле за време на ПМС

ПМС периодот е најчудниот во животот на голем процент од жените. Тогаш работите стануваат дупло полуди, а храната трипати повкусна.

najcudnite-pricini-zosto-zenite-placele-za-vreme-na-pms-1.jpg

Водејќи се по себе и причините заради кои таа плачела, една корисничка на Твитер ги замоли жените да ја споделат најчудната причина заради која плачеле во ПМС.

Одговорите се смешни и трагични истовремено:

- „Мојот сопруг не го намачка лепчето со путер до самите рабови (не е еуфемизам).“

- „Еднаш плачев затоа што кучето изеде пајак.“

- „Ставав сигурносни етикети на бебешката облека во продавницата во која работам... Сакав еден од фустаните да го има во моја големина - и плачев.“

- „Не можев да ги најдам садовите за сосови кога ја празнев машината за садови.“

- „Еднаш бев ужасно тажна кога покрај мојот автомобил помина амбулантно возило. Морав да се паркирам и да се исплачам.“

- „Ми падна малечко шишенце со парфем и се распрсна. Секако, го сфатив трагично и почнав да ги удирам вратичките од шкафчето и да мрморам навреди сама на себе. Сопругот ме праша што е работата, му објаснив и само ми кажа - глупости. Дури тогаш почнав да врескам и да плачам со објаснување: На никој не му е грижа дали мирисам убаво или не! Не сум баш најгорда на тој момент од мојот живот.“

- „Во книгата која ја читав, умре едно куче. Тогаш решив да стојам на прозор и драматично да плачам час-два.“

- „Еднаш тргнав да купам обични, евтини шноли затоа што ми требаа, но во истиот момент помислив на долговите на факултет. Тогаш и се јавив на мајка ми со тешки прашања: Дали можам да си ги дозволам овие шноли? Како ќе јадам оваа недела? Дали ќе завршам факултет ако ги купам?“

- „Еднаш си плачев 30 минути затоа што не можев да одберам каков компир сакам - пржен, печен, пире... Имаше толку многу опции!“

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

(Откачени) инструкции за мажи - Што треба да правите кога жената плаче? „Ако вашата жена плаче, тогаш не треба да ја оставате сама. Но, бидете многу вни...
Смешни фотки од родители кои докажуваат животот со деца не е воопшто лесен Коса заплеткана во играчка, плачење за најчудните работи и правење хаос низ домо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg