Комични ситуации во кои сигурно ќе се пронајдете

Сите ние понекогаш се однесуваме смешно, на чуден начин кога ситуациите со кои се соочуваме се непријатни.

komicni-situacii-vo-koi-sigurno-kje-se-pronajdete-01.jpg

Токму затоа, секој ќе се најде во овие ситуации:

1. Прашувате за цената на производот и сфаќате дека немате доволно пари за тоа, па се однесувате како уште да размислувате дали ќе го купите или не.

2. Ве фаќа паника кога стигнувате на каса, уште не сте ги оставиле сите работи, а касиерката веќе почнува да куца. Панично го барате паричникот.

3. Го слушате вашиот глас снимен и посакувате да се извините на секоја личност со која некогаш сте разговарале.

4. Налетувате на некој кој го познавате и се прашувате зошто воопшто решивте да се поздравите со таа личност.

5. Случајно слушате туѓ разговор и во глава им давате свое мислење.

6. Гасите светло во тоалетот и брзо истрчувате до соба од страв некој да не ве зграби.

7. Ви ѕвони некој со кој не сакате да зборувате, па мора да чекате за повторно да играте на мобилниот.

8. Одите во продавница и кога ништо нема да купите, во глава ви поминува следнава мисла: „Ништо не украде, однесувај се нормално“.

9. Не можете да заспиете, па постојано правите пресметки уште колку часа додека да треба да станете.

Се пронајдовте?

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Смешни фотки од родители кои докажуваат животот со деца не е воопшто лесен Коса заплеткана во играчка, плачење за најчудните работи и правење хаос низ домо...
Смешни (и тажни) дизајни на играчки - Дали би ги купиле? (фото) Некои играчки се направени според толку ужасен дизајн при што финалниот производ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg