Духовити, но брутално искрени одговори од еден гинеколог


Духовити, но брутално искрени одговори од еден гинеколог

Гинеколозите и акушерите секојдневно добиваат безброј непромислени прашања од трудниците и нивните сопрузи, па ако се шегуваат на нивна сметка, тоа би изгледало вака.

duhoviti-no-brutalno-iskreni-odgovori-od-eden-ginekolog-001.jpg

Неколку саркастични одговори од шеговит гинеколог:

- Кој е најсигурниот метод за утврдување на полот на детето?

- Породување.

- Сопругата ми е во петтиот месец од бременоста и толку често менува расположение, што понекогаш е целосно неразбирлива...

- И, вашето прашање е?

- Мојата инструкторка за подготовката за породување ми вели дека нема да почувствувам болка, туку само притисок. Во право е?

- Да, исто како што и за торнадото би рекле дека е благо струење на воздух.

- Кога е најдобро време за епидурална анестезија?

- Штом забремените.

- Постои ли причина мојот сопруг да биде присутен во салата за време на породувањето?

- Не, доколку зборот алиментација не ви значи ништо.

- Треба ли да избегнувам нешто додека се опоравувам од породувањето?

- Да, бременост.

- Добивме бебе минатата недела. Кога мојата сопруга ќе почне да се чувствува и однесува нормално?

- Штом децата завршат факултет.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Комични илустрации: Пијана вечер - како се однесуваме, а како мислиме ... Секој од нас барем еднаш во животот имал толку пијана вечер на која што не сака ...
10 типови на градници кои им се познати на сите жени Во зависност од градите, такви градници носиме. Нели? Сепак, нивната поделба не ...
Дневна доза сеир: Неуспешни тетоважи Нема ништо лошо во тоа да се посмеете на туѓа сметка и да се утешите дека лошите...