|
|
Хумор
|
Колку пати сте се нашле кај пријателот после пијана ноќ? Колку телефонски повици сте направиле а не се сеќавате? Сте се влечеле по тротоари, тоалети, скали...
Еве неколку симптоми на вистински алкохоличар!
* Симптом: Студени и влажни нозе.
Причина: Чашата ја држите под неправилен агол и алкохолот ви тече. Решение: Внимателно придвижете ја чашата по таков начин, да отворот биде насочен нагоре.
* Симптом: На ѕидот спроти вас има претерано многу светлини.
Причина: Лежите на подот. Решение: Позиционирајте го телото така да образува агол од 90 степени спрема подот.
* Симптом: Подот ви изгледа ко нефокусиран.
Причина: Гледате низ празна чаша. Решение: Наполнете ја чашата со пијалок по ваш избор.
* Симптом: Подот се движи.
Причина: Ве изнесуваат. Решение: Барем прашајте каде ве носат.
* Симптом: Слушате ехо секој пат , кога некој ќе прозбори.
Причина: Лежете со уво во празна чаша на масата. Решение: Однесувајте се пристојно, исправете се.
* Симптом: Собата се тресе, сите се облечени во бело, а музиката непрекинато се повторува.
Причина: Во болничка кола сте. Решение: Не се движете. Оставете професионалците да си ја вршат работата.
* Симптом: Татко ви и вашите браќа изгледаат многу невообичаено.
Причина: Во погрешна куќа сте. Решение: Прашајте дали можат да ви упатат кон вашата куќа.
* Симптом: Огромна светлина ве заслепува.
Причина: Спиете на тротоарот. Решение: Приберете се дома. Кафето помага.
Би можело да ве интересира:
 |
|
|
Онака
" Ни најголемото страдање не може да те уништи сé додека има зрак надеж. "
Пам Браун (1928- )
|
|