Интересно
11:00 - идеално време за кафе!

1100-idealno-vreme-za-kafe-povekjeЗа потполно хедонистичко доживување на црниот напиток потребно е и добро осветлување, добро друштво, силна арома и пријатна музика.

 

Студијата ја водел професорот Чарлс Спенс од Оксфорд.

1100-idealno-vreme-za-kafe

Тој дошол до формула дека 11 часот претпладне е најдобро време за консумирање на кафето.

Тој комбинирал: вкус (F), совршена околина (E), садот во кој се послужува (P), друштвото со кое пиете кафе (C) и времето во денот кога пиете кафе (Т) за да дојде до идеалниот момент за уживање во кафето (М).

Формулата изгледа вака:

M = 0.5 x F + (0.5 x E + 0.3 x P + 0.15 x C + 0.05 x T)

Студијата е направена под покровителство на  Starbucks VIATM Ready Brewa.

Така, за да уживате во кафето ви треба:

  • Време: 11 часот наутро
  • Музика: Од Пучини па се до Marianne Faithfull  - идеална музика за во позадина е италијанска опера или онаа во која пејачот има длабок и рапав глас.
  • Осветлување: Добро осветлена просторија или на отворено на сонце.
  • Арома: Силна.
  • Друштво: Немојте да пиете сами. Исчекувањето на пријателите само го зголемува уживањето.
Коментари (0)Add Comment

Напиши коментар
помало | поголемо

busy
 

Онака

" Кога бираш успех, постои можност да изгубиш сé друго што е вредно. "
Пам Браун (1928- )