Старински начин за бојадисување јајца

Оние кои ги бојадисаа за адет трите црвени јајца на велики четврток еве им уште идеи за бојадисување на преостанатите јајца во сабота. Покрај бројните нови техники и методи за подготовка на велигденските јајца, голем број на домаќинки и понатаму користат бојадисување со кромид и восок.

starinski-nacin-za-bojadisuvanje-jajca-1

Бојадисување со лушпи од кромид

Потребно е: Лушпи од кромид, вода, аклохолен оцет, сол и јајца.

Постапка: Ставете ги јајцата и лушпите од кромид во студена вода и додајте една лажица оцет и лажиче сол. Оцетот има функција јајцата полесно да ја примат бојата и спречува пукање на јајцата. Кога ќе зоврие водата, намалете ја температурата и варете ги јајцата уште две минути. Тргнете го садот од оган, поклопете го и оставете го така да стои уште 11 минути. За тоа време јајцата ќе добијат убава портокалова боја. Ако ви се чини дека јајцата не се добро бојадисани, чувајте ги јајцата во неа додека не се изладат и водата и јајцата. Откако ќе ги извадите јајцата од водата, нека се исушат, па премачкајте ги со зејтин за да добијат сјај.

starinski-nacin-za-bojadisuvanje-jajca-2

Растеглива хартија

Потребно е: Растеглива хартија, оцет и јајца

Постапка: Исечкајте ја растегливата хартија, по можност во потемни бои, на тенки но долги траки. Во нив замотајте ги топлите, сварени јајца и внимателно спуштете ги во сад со студена вода. Пред тоа во водата додајте една лажица оцет. Откако ќе примат боја, извадете ги јајцата од водата и оставете ги да се исушат, но не треба да се чека хартијата да се стегне. Најдобро е да се користат повеќе нијанси хартија одеднаш, црвена, жолта, сина, зелена, бидејќи така ќе се добијат несекојдневни шари.

starinski-nacin-za-bojadisuvanje-jajca-3

Восок

Потребно е: Обичен молив, кутија со шпенадли со пластична глава или чепкалки, голема дебела свеќа, фарба за јајца и јајца.

Постапка: Измијте ги јајцата со средство за миење садови за да ја отстраните нечистотијата и маснотиите од лушпата. На моливот забодете ја шпенаглата и тоа ќе ви биде алатот за шарење. Запалете ја свеќата, добро нека се разгори за да се собере восок околу фитилот. Натопете ја шпенадлата/чепкалката во восокот, па на органот од свеќата . Бргу принесете ја до јајцето и шарете по него. Ако намазот е тенок, нанесете восок уште еднаш. За време на шарењето важно е секогаш шпенадлата со восок да ја стопите на пламенот. Нацртаното јајце ставете го во боја која сте ја подготвиле според упатството на кесичката. Кога ќе го извадите јајцето од бојата, избришете го и доближете го до пламен од плин, па избришете го восокот кој се топи.

starinski-nacin-za-bojadisuvanje-jajca-4

Едноставно и брзо

Потребно е: Кеси од замрзнувач, прехранбена течна боја и јајца.

Постапка: Во кеса од замрзнувач ставете неколку капки прехранбена течна боја. Можете да ставите повеќе нијанси истовремено. Ставете го свареното јајце во кесата и тапкајте додека не добиете боја каква што сакате.

starinski-nacin-za-bojadisuvanje-jajca-5

Зрна од пченица и ориз

Потребно е: Лепило, пченица, ориз, златен лак.

Постапка: Варените јајца може да се премачкаат со лепило или белка од јајце и се валкаат во комбинација од пченица и ориз, а може и други зрна. Преку тоа јајцата можете да ги напрскате со златен или некој друг лак. 

Би можело да ве интересира:

Зелен чај против лош мирис и уште 6 трикови со кои чевлите ќе ви бидат удобни и ќе личат на нови Долгото одење или стоење во салонки не е секогаш пријатно. По некое време п...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
Во Македонија сакаме кајгана, а каков појадок со јајца се приготвува низ различни земји од светот? Појадокот често се смета за најважен оброк во денот, а јајцата сe eдна од главни...
Скриени цркви, чешми - 5 лековити места во Македонија Кога претходно објавивме за лековити места (манастири и цркви), потенциравм...
Носи само жолта облека - Кој е „жолтиот човек“ од Сирија и зошто веќе 40 години е опседнат со оваа б... На раздвижените улици во Алепо, Сирија, постои личност која ја буди љубопитноста...
8 секојдневни работи кои (речиси) сите ги правиме погрешно Дали нанесувате маска или регенератор дури и на корените на косата? А, каде го с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg