Трикови за отстранување на флеки од облеката

Непријатните флеки на облеката може да ги исчистите и по многу поедноставен пат отколку што замислувавте. Киселата вода ги брише траговите од сладолед, глицеринот ќе ви помогне да ја отстраните флеката од крема за сончање и од кечап, а детергентот без проблем чисти масни флеки.

trikovi-za-otstranuvanje-na-fleki-od-oblekata-01

Трева

За флеките од трева најдобро решение се оцетот и белките. Изматете една белка, нанесете ја на флеката, истријте, па исперете. Најдобро чисти бели материјали и ткаенини, а оцетот е одличен за тврдокорни  флеки. Доволно е флеката да ја истриете со многу оцет и вода, а по 15 минути да исперете со детергент.

Кечап

На флеките од кечап најдобро е да нанесете детска пудра и да оставите да се исуши. Исто така може да помогне и мешавина на вода и глицерин. Облеката потопете ја и оставете да отстои пред да ја исперете.

Сладолед

Облеката исфлекана од сладолед треба веднаш да ја натопите со кисела или обична ладна вода, а потоа исперете во машина.

trikovi-za-otstranuvanje-na-fleki-od-oblekata-2

Масни флеки и ладната вода не одат заедно

Во отстранување на масните флеки треба да ја избегнувате ладната вода бидејќи таа само ќе ја направи потврдокорна. Доволно е облеката да ја превртите наопаку и на флеката да нанесете соодветно средство или обичен детергент.

Траги од дезодоранс

Жолтите флеки од дезодорансот може да ги исперете со топла вода измешана со две таблети за чистење забни протези. По 30 минути стоење облеката исперете ја како и обично. Сувите траги од дезодоранс се отстрануваат со влажни марамчиња.

Би можело да ве интересира:
Најдоброто писмо од една мајка стана вистински хит: Сине, соблекувај ги чорапите кога имаш секс! Ќерки, во автомобилот секогаш носете рамни чевли!Најдоброто писмо од една мајка стана вистински хит: Сине, соблекувај ги чорапите кога имаш секс! Ќер...
Блогерката Сандра Тодоровиќ од Сараево, мајка на еден син и две ќерки, им пишува писмо во кое сака д...
Како омилените патики и балетанки да ги направите водоотпорни?Како омилените патики и балетанки да ги направите водоотпорни?...
Едвај чекавте да дојде пролет за да си ги облечете омилените старки или лесните балетанки, но дождот...
7 знаци по кои ќе препознаете дека некое момче е лудо заљубенo7 знаци по кои ќе препознаете дека некое момче е лудо заљубенo...
Понекогаш девојките лошо ги толкуваат машките сигнали, мислејќи дека ако им подарат скап подарок, зн...