Колку шолји кафе пиете дневно?

Навиката на утринско или попладневно кафе за многумина е уживање кое не може да се спореди со ништо друго на светот. Како што овој најпопуларен пијалак има магични предности, има и свои недостатоци зависно од тоа колку шолји дневно консумирате.

kolku-solji-kafe-dnevno-piete-01

Дознајте како бројот на шолји кафе во денот може да влијае на вашето тело, здравје и расположение.

1 шолја дневно

Предности: Шолјата кафе дневно е доволна да ја регулира висината на крвниот притисок и позитивно влијае на крвните жили. Кафето е одличен антиоксиданс кој во минимална мера ви ги поттикнува мозочните активности.

Недостатоци: Шолјата кафе на ден е доволна да ви го поремети сонот и да ве држи будни во текот на ноќта, бидејќи потребни се дури 8 часа за кофеинот потполно да исчезне од крвта. Сепак утринскиот ритуал за вас е подобар, отколку една шолја кафе доцна навечер.


2 шолји дневно

Предности: Оваа количина на кафе на дневно ниво е одлична превенција против Алцхајмеровата болест, односно од толкава доза на кофеин расте количината на протеини во мозокот кои помагаат при губењето на помнењето. Доколку првата шолја кафе ја испиете околу 30 минути пред некоја напорна активност, ќе имате значително повеќе енергија во текот на целиот ден.

Недостатоци: Две шолји кафе се преголема доза на кофеин за трудниците и влијаат негативно заради зголеменото производство на кортизол и адреналин, што може да резултира со спонтан абортус.

kolku-solji-kafe-dnevno-piete-02

3 шолји дневно

Предности: Три шолји кафе дневно го спречуваат настанувањето на рак на јајници кај жените, додека одлично влијае кај мажите кои имаат проблем со настанување на ситни камчиња во бубрезите.

Недостатоци: Оваа висока доза на кофеин го зголемува ризикот од срцев удар.


4 и повеќе шолји дневно

Предности: Четири шолји кафе содржат околу 400 милиграми кофеин кој е силен антиоксиданс кој го чисти организмот и помага во борбата со различни облици на тумор, рак на простатата и дијабетес.

Недостатоци: Оваа огромна количина на кафе дневно може да доведе до ревматски артритис и да предизвика нервоза и потешкотии при варењето на храната.

Би можело да ве интересира:

Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
5 потсетници кои ќе ви помогнат полесно да ги прифатите големите (и неизбежни) животни промени Не заборавајте дека промените ни помагаат да созрееме, но и дека секогаш ни носа...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Корисни трикови што ги научивме во училиште, а ни служат за цел живот За разлика од новите генерации кои користат паметни табли и голем број надредни ...
Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи Во Јапонија не е културно да се јаде на улица, жените во Турција на прекрстуваат...
7 идеи што да им подарите на луѓето што не можат да си го замислат денот без кафе Од мелница за кафе, до термос за кафе... Постојат повеќе идеи за тоа што би може...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg