Кој Дизни принц е твоето момче?

Уште како мали додека сте ги гледале цртаните на Дизни сте замислувале дека сте некоја од принцезите или сте посакувале да имате момче како некој од принцовите. Дури на некои девојки тие им влијаеле толку многу што и во реалноста ги бараат истите.

koj-dizni-princ-e-tvoeto-momce-01

Честопати се вели дека принцовите не постојат, но некои карактеристики според кои се создадени се всушност особини на реални ликови кои и денес можеме да ги сретнеме.

Можеби вашето момче или оној кој го барате е токму меѓу овие принцови:

Принцот на Снежана

Твоето момче за разлика од другите не е многу прифатен во твоето друштво. Тој е воодушевен од твојот оптимизам, дури и кога тоа е претерано. Понекогаш помислуваш дека те преценува. Премногу те идеализира. А со тоа става впечаток на наивен.

koj-dizni-princ-e-tvoeto-momce-1

Принцот на Пепелашка

Старомоден и романтичен. Тој е човекот што се вљубува само во една жена и тоа трае до крајот на животот. Сигурно нема да го најдете како најголем фраер од некој магазин. Премногу е верен и предаден, што го прави и по малку досаден.

koj-dizni-princ-e-tvoeto-momce-2

Принцот Филип на Заспаната убавица

Пред да ти стане момче бил баш кловн. Пораснал со привилегии во семејството и тоа го покажува. Сакал да ги манипулира луѓето, родителите, девојките, наставниците за да го добие тоа што го сака. Знаел да одглуми слатко момче секогаш кога тоа му служело за да си помине полесно. Може и со тебе да користи некоја од тие финти.

koj-dizni-princ-e-tvoeto-momce-3

Принцот Ерик на Ариел

Тој сака авантури, кампување, се храни здраво, вежба секојдневно. Тој е од оние кои би спиеле во шатор пред билетара за да купат карти за најновата светска премиера на некој филм. Сака да е во тек со сите настани. Сака понеобични забави.

koj-dizni-princ-e-tvoeto-momce-4

Принцот на Бела

Додека тој е нежен, внимателен и сладок кога сте сами, сосем спротивна страна покажува кога сте излезени со друштвото. Не е многу друштвен, повеќе сака да стои од страна и да не комуницира со другите, ги гледа зачудено додека тие се забавуваат, што може да биде погрешно сфатено од околината. Но, тој е еден од најмудрите и најразбирливите момци кои си ги запознала.

koj-dizni-princ-e-tvoeto-momce-5

Аладин на принцезата Јасмин

Момче кое имало лошо детство, кој работи повеќе од кој било друг што ќе го сретнеш. Семејните вредности му се особено важни и смета дека саканата личност треба да му биде пред сè.

koj-dizni-princ-e-tvoeto-momce-6

Флин Рајдер на Рапунзер

Ова момче е од оние кои ги прават забавите во друштвото, со пиво во раката, раскажува смешни приказни и постојано има нови пријатели. Тој е комедијант, глумец, музичар или некој уметник кој колку што не се сака себе толку е и нарцисоиден. Сака да кажува шеги, дури понекогаш и на твоја сметка, само за да привлече внимание во друштвото.

koj-dizni-princ-e-tvoeto-momce-7

Ли Шанг на Мулан

Тој е сериозен и посветен на остварувањето на неговите цели. Тешко може да го убедите да стане од компјутерот, спие во недела попладне или оди на некое далечно и убаво место на викенд. Не ги прифаќа лесно луѓето и потребно му е време за да ти верува. Не знае да искажува премногу комплименти.

koj-dizni-princ-e-tvoeto-momce-8

Џон Смит на Покахонтас

Тој е адреналински зависник, сака кајакарство, рафтинг, банџи скокање и сè што го зголемува неговиот адреналин. Неговото мото е: „Живеј го секој ден како да ти е последен.“ Понекогаш дури се плашиш дека можеби е со тебе само затоа што си поразлична од останатите девојки, но дека е можно и тоа да му досади.

koj-dizni-princ-e-tvoeto-momce-9

Херкулес на Мег

Тој можеби не е толку паметен како тебе, но верен е, одговорен и смирен во период на кризи. Има одлично дефинирано тело и можеби тој е едно од најсекси момчињата со кои си била, освен ако не си сонувала некој холивудски актер.

koj-dizni-princ-e-tvoeto-momce-10

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10 психолошки трикови што ќе ви се најдат во секојдневието „Ако го прашате вашето дете дали сака млеко, најверојатно ќе ви рече не. Но, ако...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
Волкот и трите прасиња, Црвенкапа: Пет популарни бајки и поуката што ја научивме од нив Иако можеби како возрасни не им придаваме големо значење, бајките се одличен нач...
Пар наместо дете посвоил возрасна жена со џуџест раст, која сакала да ги убие - Бизарниот случај на ... Кога маж и жена ја посвоиле Наталија Грејс во 2010-та, тие мислеле дека таа е 6-...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg