5 интересни употреби на кората од портокал

Повеќето луѓе ја фрлаат кората од портокалот, но ќе се уверите дека тоа е голема грешка, откако ќе дознаете што сè може да направите со неа откако ќе го изедете портокалот.

5-interesni-upotrebi-na-korata-od-portokal-01

1. Рерна

Откако ќе ја исчистите рерната во неа може да остане непријатен мирис. Ослободете се од тоа така што ќе ставите кора од портокал и ќе ја вклучите рерната на 180 степени. Оставете ја половина час. Не само што рерната ќе мириса свежо, туку тоа ќе се чувствува и во целата кујна.


2. Чевли

Ако ве мачи непријатниот мирис на чевлите ставете во нив кора од портокал и оставете ја да постои. Кога ќе се впие влагата, ќе остави свеж и пријатен мирис.

5-interesni-upotrebi-na-korata-od-portokal-4

3. Фрижидер

Еден од најдобрите начини за да се ослободите од непријатниот мирис од фрижидерот е кора од портокал. Посолете ја кората и ставете ја во фрижидерот каде што е вентилацијата. Ако се намокри, заменете ја со друга.


4. Освежувач за простор

Особено зимно време, кога имате вклучено парно, печка или шпорет на дрва, откако ќе го излупите портокалот, не ја фрлајте кората, туку наредете ја на грејната површина каде ќе почне да се суши, а при тоа и ќе ослободува сладок и пријатен мирис низ целиот простор. Не ви се потребни хемиски освежувачи, кога можете да искористите некој природен како портокалот.

5-interesni-upotrebi-na-korata-od-portokal-5


5. Направете свеќа

Додека е портокалот цел , кората извадете ја со нож точно по средината. Потоа едната половина на кората одвојте ја од плодот како една целина, внимавајќи белата кожичка да остане на неа за да послужи како фитил. Во кората додајте маслиново масло.

5-interesni-upotrebi-na-korata-od-portokal-3

Погледнете го видеото кое може попрактично да ви ја покаже изработката.

Би можело да ве интересира:

Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
7 бон-тон правила за во ресторан и на свечени настани Ако сте на свечен настан со шведска маса, едната рака секогаш нека ви биде слобо...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
„Губење“ време и уште 9 работи што сите треба да ги правиме почесто Денес, кога сè околу нас се случува пребрзо и неретко немаме ни време да здивнем...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Корисни трикови што ги научивме во училиште, а ни служат за цел живот За разлика од новите генерации кои користат паметни табли и голем број надредни ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg