Дали сте еден од овие 7 типови луѓе кои доцнат?

Доцнењето за многумина претставува проблем. Но, најчесто се нервираат оние кои чекаат. Тие што доцнат речиси секогаш имаат изговор.

dali-ste-eden-od-ovie-7-tipovi-lugje-koi-docnat-01

Според тоа се издвојуваат 7 типови луѓе кои доцнат од различни причини или карактерни особини. Проверете каков тип сте вие!

Околу 17 проценти од луѓето хронично доцнат и имаат проблем со самоконтролата и концентрацијата, покажала студијата на Универзитетот Сан Франциско.

Според некои научни теории постои дури и синдром на хронично доцнење кој претставува ментално пореметување во делот на мозокот каде може да се јави дефицит на внимание и концентрација.

Тој феномен го истражувала Диана ДеЛонзор, авторка на книгата „Немој веќе никогаш да доцниш“, која и самата имала проблем со истото.

Докажано е дека луѓето кои секогаш доцнат имаат поинаква перцепција за поминувањето на времето.

ДеЛонзор идентификувала седум типови луѓе кои доцнат во зависност од мотивите и оправдувањата кои ги имаат.

Таа смета дека е важно да откриете каков тип сте, за да можете да преземете мерки и да се ослободите од доцнењето.

dali-ste-eden-od-ovie-7-tipovi-lugje-koi-docnat-3

1.Зависници од адреналин

Овие луѓе потсвесно ги привлекува чувството на адреналин и возбуда, завршувањето на работите во последен момент. Најчесто функционираат под притисок или со рокови. Не се мотивираат доволно за да завршат нешто предвреме. Трчањето од едно место до друго е нивни начин на функционирање и им создава привиден начин за разбивање на досадата.

2.Продуктивни луѓе

Нивна главна цел е да завршат што е можно повеќе работи за пократко време. Тие се од оние луѓе кои имаат листа на задачи и функционираат по принципот пречкртување на завршените. За жал, најчесто го преценуваат времето, па мислат дека за еден час можат и да јадат и да се подготват за излегувањето и да отидат до банка и да се превезат до закажаното место. Се разбира, тоа не им успева, па доцнат со завршувањето на секоја задача, но никогаш не се откажуваат и постојано се во брзање кога им ѕвони телефонот.

3. Растресени професори

Ним сè им пречи и не знаат да ги одредат приоритетите. Тоа се оние луѓе кои во последен момент забележуваат неважни детали, како искривена слика во ходникот, ненаместен кревет, истргната завеса и слично. Тоа мора токму во моментот на излегување да го поправат и така губат дополнително време и доцнат.

dali-ste-eden-od-ovie-7-tipovi-lugje-koi-docnat-2

4. Бунтовници

Овие луѓе уживаат во своето доцнење, бидејќи им се допаѓа идејата дека луѓето ги чекаат само нив. Тие го изградиле и својот имиџ на основа на нивното доцнење поради кое се чувствуваат посебно. Со таквото однесување фиктивно си придаваат важност и моќ. Почесто се тоа мажи кои имаат низок степен на самопочит, па така компензираат.

5.Рационални типови

Овие луѓе никогаш нема да признаат дека доцнат, бидејќи во секој случај имаат подготвено најдобар можен изговор кој целосно ги ослободува од вината. Со нив нема смисла да се расправате бидејќи на крај тие ќе завршат со реченицата дека не можат да влијаат на надворешната околина и ситуациите кои ги спречуваат да стигнат на време.

6. Другите им се поважни од себе

Овој тип луѓе не доцни често. Всушност се работи за доцнење само на места или случувања каде што не им се оди, но им ветиле на другите дека заради нив ќе одат. Сами на себе си даваат оправдувања и го избегнуваат одењето до последен момент, но преовладува чувството на вина, па на крај, сепак, се појавуваат, но со задоцнување.

7. Сам себе си е најважен

Своите потреби и навики ги смета за поважни од туѓото време. Кај овој тип е очигледно непочитувањето и неодговорноста. Не се грижи за туѓите желби и потреби додека не ги заврши своите. Тој дури и не чувствува вина што доцни.

dali-ste-eden-od-ovie-7-tipovi-lugje-koi-docnat-1

Кој од овие типови сте вие?

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Жените го имаат главниот збор, мажите го земаат нивното презимe: Интересни факти за племето Кхаси од... Мажот во куќата доаѓа како домазет, целиот имот останува на најмалата ќерка, а а...
8 сурови вистини од кои ќе научите многу за животот Ако не се борите за тоа што го сакате, не треба да плачете за тоа што ќе го изгу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg