Коки во „Еден на Еден“ (цела емисија)

koki-vo-eden-na-eden-dule-ne-sakase-da-se-otkaze-od-alkoholot-03

Дуото кое ги обележа изминативе две декади на многу генерации македонци во периодот на најголема слава поминувало исклучително тешки периоди со цел да одговори на барањата на публиката.

Николчо Јанков или многу попознат како Коки, во најновата Еден на Еден, речиси два месеци по смрта на Дуле отворено зборува дека алкохолот и пеколното темпо биле главна причина за распадот на дуото и смртта на Дуле.

“Свиревме на четири места во една вечер, почнувајќи од 20 часот до 6 наутро. Телото бараше одмор и темпото беше пеколно. Дуле и покрај тоа што беше носен кај најдобрите лекари дома и во странство не сакаше да го остави алкохолот. Беше исклучително паметен и интелигентен човек, но и многу горделив. Не сакаше да се зборува за неговиот проблем” – рече Коки.

Ваквата ситуација го натерала да заврти нов лист и комплетно да го промени животот во 2007 година, кога почнува после секоја свирка да заминува дома. Дуле за жал, не го следи во чекор и продолжил со истиот стил на живеење кој на крајот се покажа како преголем залак за неговиот организам. Блиските го загубија Дуле, а Македонија го загуби еден од вистинските мајстори на живата свирка и најпрепознатливите гласови на музичката сцена.

За сите овие работи од минатото и за она што Коки денеска го работи, погледнете ја најновата Еден на Еден, премиерно емитувана во недела.

Би можело да ве интересира:

8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
5 работи кои често ги купуваме, а кои (реално) не ни се потребни Денес се многу популарни справите за вежбање кои се користат дома. Ги гледа...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Корисни трикови што ги научивме во училиште, а ни служат за цел живот За разлика од новите генерации кои користат паметни табли и голем број надредни ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg