Најубавата и најемотивна божиќна реклама (видео)

Лондонскиот ланец  продавници „John Lewis“ ја има најубавата и најемотивна новогодишна реклама. Таа е толку популарна што веќе има и цела кампања со различни производи на „The Bear & The Hare“.

najubavata-i-najemotivna-bozikna-reklama-video-01

Приказна во вид на краток анимиран цртан за мечката која никогаш не го доживеала Божиќ.

Како што е познато, мечките се во зимски сон, па речиси секогаш ја пропуштаат новогодишната ноќ.

Сепак, нејзиниот пријател, зајачето Хери сака да направи нешто посебно и да ѝ ја покаже божиќната магија и празнична убавина.

Затоа, смислува оригинален подарок, часовник, наместен во точно време да заѕвони за да ја разбуди.

Убаво спакуван ѝ го остава во пештерата каде што спие. Во моментот кога сите животни се собираат и се радуваат на своите подароци, мечката сè уште ја нема.

Зајачето е тажно, мислејќи дека нема да се разбуди. Но, таа доаѓа во вистинскиот момент кога блеснува шарената новогодишна елка.

Магичниот момент, топлото чувство, љубовта и пријателството се најубавите подароци кои може некому да ги подарите. Само треба да смислите оригинален начин за тоа да го покажете.

Погледнете ја најубавата божиќна реклама:

Би можело да ве интересира:
Адриана Лима после напорен ден во теретана (фото)Адриана Лима после напорен ден во теретана (фото)...
Тренинзите на Адриана Лима се интензивни – таа вежба два пати на ден минимум по еден час. Трча, крев...
Прва фотка од Ким Кардашијан после бременостаПрва фотка од Ким Кардашијан после бременоста...
Риалити ѕвездата Ким Кардашијан за прв пат е фатена од папараците откако ја роди ќерката Норт Вест. ...
Луисиана Лопилато е прекрасна трудница (фото)Луисиана Лопилато е прекрасна трудница (фото)...
Луисиана Лопилато (позната по ликот на Миа Колучи во Млади Бунтовници) и нејзиниот сопруг  Мајк...

Препорачано од Facebook

Кога ќе се најдеш во тесно, и сé е против тебе, и кога изгледа дека нема да можеш да издржиш ни минута повеќе, никогаш не се предавај зошто токму на тоа место и во тој миг ќе почнат да се менуваат работите.
Хариет Бичер Стоу (1811-1896)