Предности и маани на малите гради

Девојките кои имаат мали гради постојано посакуваат големи гради. Но, има ситуации во кои дури и девојките со големи гради би се замениле со нив.

prednosti-i-maani-na-malite-gradi-01

Колку што може да наброите негативни причини поради кои не ги сакате своите мали гради, постојат исто толку причини и предности зошто треба да ги сакате малите гради.

Предност: Може да облечете фустанче со гол грб и да излезете без да носите градник.

Маана: Сепак, и покрај тоа што не ви треба градник, мора да го носите за подобро да ви стои облеката.

Предност: Не мора да ја пробувате маичката која ви се допаѓа на излогот, бидејќи знаете дека како што изгледа на куклата така ќе ви стои и вам.

Маана: Но, ужасен е шопингот на костими за капење. Најпрво затоа што најчесто мора да купувате различен број на горен и долен дел, бидејќи никогаш не сте со иста ширина. Ако купите само топ може да изгледате детски, а ако купите многу припиени бикини ризикувате да ви се видат градите.

prednosti-i-maani-na-malite-gradi-3

Предност: Може безгрижно да носите топ маички и фустанчиња без да се грижите дека нешто ќе ви излезе или дека ќе ви се развлече.

Маана: Но, тешко наоѓате фустанчиња кои ви се точни и горе и долу, повторно од истата причина со ширината. Најдобар совет е да комбинирате здолниште со маичка.

Предност: Може да носите градник без корпи кој е многу поудобен.

Маана: Но, за да ви изгледаат подобро градите мора да носите дури и градник со „push up“.

prednosti-i-maani-na-malite-gradi-2

Предност: Може да носите спортски топ маички додека вежбате, да ви биде удобно, а да изгледате фино и слатко.

Маана: Но, спортските градници прават да изгледате рамно и тоа воопшто не е секси.

Предност: Вежбањето ви е удобно. Не ви пречат и не ви тежат градите, може да вежбате лесно.

Маана: За жал, и покрај тоа што сите други делови ви се развиваат, градите ви остануваат исти.

Предност: Не мора да се грижите за болката во грбот или на рамената од тежината на големите гради.

Маана: Сепак мора да носите некаков градник за да не се засрамите ако ви се познаваат градите под маичката.

prednosti-i-maani-na-malite-gradi-1

Би можело да ве интересира:

10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg