Како да се придржувате до новогодишните одлуки во 2014 година?

Нова година е возбудлива, убава и полна со можности, но исто може да биде и депресивна. Кога ќе ја погледнете годината зад вас, може да биде исполнета со убави спомени, но може да делува и празно.

kako-da-se-pridrzuvate-do-novogodisnite-odluki-vo-2014-01

Уште ако се сетите каде сте ја ставиле листата со новогодишни одлуки од минатата година, па ќе видите дека имате неисполнети цели, тоа може да влијае лошо на вас.

Десет пати е поголема веројатноста дека луѓето кои донесуваат новогодишни одлуки ќе  променат некој дел од својот живот и однесувањето од кое не се задоволни, отколку оние кои не ги донесуваат.

Од друга страна 54 % од луѓето се откажуваат од своите одлуки во првите 6 месеци, а само 8 % успеваат да ги исполнат до крајот на годината.

Затоа, оваа година направете кратка, но паметна листа, а ние ви ги претставуваме најдобрите совети за тоа како да се придржувате до своите одлуки.

1. Остварувајте една по една одлука

Компаниите кои имаат помал број приоритети забележуваат поголем раст од оние кои имаат голем број цели. Исто така е и со нашите новогодишни одлуки.

Кога се концентрирате на едно нешто, многу е поголема веројатноста дека тоа ќе успее како што ќе сакате вие, отколку ако нешто дополнително правите истовремено.

Се разбира, тоа не значи дека треба да имате една одлука годишно, туку да се посветите на секоја одлука одделно.

2. Стекнете нови навики

Придржувањето до новогодишните одлуки обично значи отфрлање на лошите и воведување нови, добри навики.

Најлесен начин за тоа е секоја одлука да ја поделите на помали работи и да одредите точно време кога и што ќе правите, па така полесно ќе воведувате нови навики, без размислување за тоа.

На пример, ако сакате да почнете да вежбате, зачленете се некаде, а потоа запишете го распоредот на својот календар. Во многу краток период ќе почнете да одите во вежбалница по навика.

3. Работете на одредена одлука секој ден

Секојдневните вежби може од просечен човек да направат феноменален уметник, спортист или бизнисмен.

Луѓето кои трчаат на маратон и кои се најдобри во тоа, немаат поинаков склоп на мускули од вашиот. Тие едноставно вежбаат секој ден.

Ако сте донеле одлука да ги оставите цигарите и ако на тоа работите секој ден, до крајот на годината сигурно ќе бидете среќен непушач.

Работете на себе секој ден и секојдневно ќе бидете малку поблиску до својата цел.

Би можело да ве интересира:

14 навики кои ни даваат сила и енергија во животот Запознаваме нови луѓе. Ги надминуваме своите стравови. Минуваме време со луѓе ко...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
8 сурови вистини од кои ќе научите многу за животот Ако не се борите за тоа што го сакате, не треба да плачете за тоа што ќе го изгу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg