Каква е вашата свекрва: Сезнајка, сојузничка или вечна жртва?

Не се сложувате со свекрвата и имате впечаток дека нејзината главна задача и е да ви го комплицира животот? Не сте ни прва ни последна која така се чувствува.

kakva-e-vasata-svekrva-seznajka-sojuznicka-ili-vecna-zrtva-01

Односот на снаа и свекрва отсекогаш бил проблематичен, па така до ден денес се верува дека во иста куќа тие две не може да живеат во мир.

Не е сè баш толку страшно, но сепак релативно чести се кавгите и несогласувањата, со кои по извесно време мора да се помирите.

Психолозите објаснуваат дека основите на овој проблем се јавуваат во борбата за љубовта на еден ист човек, а тоа е синот или мажот во случајов.

А, затоа што постојат 5 клучни типа на свекрви, научете како полесно да ги прифатите:

Сезнајка

Таа знае да го испече најсочното месо, таа знае каде облеката е најевтина, таа знае кога е најдобро да се оди на летување, таа знае како се воспитуваат децата...

Да, таа е сезнајка и не крие дека во сè е поумешна од вас, само заради нејзиното 30 годишно искуство. А, ако се спротивставите, ете го конфликтот...

Во оваа ситуација најдобро е да реагирате трезвено. Кажете и дека „сочното пилешко веќе го пробавте, па сега би сакале да испробате нов рецет.“ Меѓутоа, ако претерано се вовлекува во вашата интима мора да бидете подиректни.

„Во потполност сфаќам што сакавте, но ние одлучивме поинаку“ е секогаш одлична реплика.

Сојузник

Таа на почеток е потполно отворена со вас затоа што мисли дека добила нова пријателка. Меѓутоа, по одредено време преку вас посакува да го промени својот син.

„Кажи му да облече нешто поубаво, тебе ќе те послуша,“ или „Дали ти се чини дека пие премногу?“ се само дел од речениците со кои ќе проба да ви се замеша во заедничкиот живот. Секако, критиките кои се на место треба да ги прифатите, но проблемите настануваат кога таа започнува да ве оптоварува.

Најдобро средство против ова однесување е искреноста. Објаснете и на свекрвата дека не сте подготвени да учествувате во нејзините манипулации.

Доколку вашиот партнер и нејзин син има некои маани, тој ќе мора сам да ги промени. Вие треба да му помогнете, а не да склучите пакт со неговата мајка зад грб.

kakva-e-vasata-svekrva-seznajka-sojuznicka-ili-vecna-zrtva-02

Резервирана

Кога и да ве посети, разговара само со својот син и повремено ви упатува по неколку стереотипни реченици. Нејзината дистанца ве вознемирува и навредува.

Направете го првиот чекор кој ќе ја разбие напнатата атмосфера. Јавете и се, посетете ја, купете и некоја ситница. На крајот од краиштата, и двете го сакате истиот маж и сосема природно е да се зближите.

Ако и по ова остане оддалечена и студена, немате потреба од вложување труд. Научете се да ја прифатите. Најважно од сè е овој проблем да не го изнесувате пред сопругот, само ќе ја расипете хармонијата во бракот непотребно.

Злобна свекрва

Се работи за злобна и приврзана мајка. Таа се труди да му докаже на својот син како вие правите сè погрешно. Не се срами јавно да ве прекори и навреди. Се прашувате зошто? Веројатно е исплашена дека ќе го изгуби својот син.

Што да правите во ваква ситуација? Ова е класично сценарио на снаите и свекрвите кои живеат во ист дом, па тогаш од самиот старт се борат за територија и сопственост.

Бидете отворени за разговор, и онака нема каде да бегате. Вашиот партнер мора да биде наклонет кон вас и јасно да и даде до знаење дека сега вие сте негова потпора и жената со која го минува животот. Тоа е единственото решение.

Вечна жртва

Нејзината стандардна реченица е „никогаш немате време за мене!“ Таа со задоволство би доаѓала секој ден да доаѓа и да пегла, готви и помага, а доколку ја одбиете ќе стане депресивна.

На ред доаѓа наметнувањето на чувство на вина, а тоа е деликатен случај, посебно ако е разведена или вдовица. Што да правите?

Единственото решение е компромис. Дозволете и повремено да ви помага, но истакнете и дека потребно е да отпатува некој ден со своите пријателки или да склопи нова познанства за да се опушти.

Би можело да ве интересира:

8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
7 бон-тон правила за во ресторан и на свечени настани Ако сте на свечен настан со шведска маса, едната рака секогаш нека ви биде слобо...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10-те најстари родилки во светот (некои имаат и над 70 години) Ерамати Мангама е најстарата родилка во светот која доби дете, односно близнаци,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg