Сестра - мојата омилена животна улога

Како што времето минува, сè повеќе верувам во емотивни моменти. Посебно во оние кои ги споделувам со моите девојки, како што сакам да ги наречам моите сестри.

sestra-mojata-omilena-zivotna-uloga-01

Ретко кога зборувам за нив, но тие се таков спој што секојдневно успева да ме развесели и ништо друго не ми е потребно.

Добро, потребен ми е дечко, завршен факултет, диплома и смисла во животот која ќе ме прави среќна, а останатото сè е минливо.

А, кога подобро ќе размислам, ми треба она во што заеднички можеме да уживаме. Ако сакате да ве воведам во еден наш ден, тоа изгледа вака.

Со задоволство ќе ви опишам како живеат, војуваат и се помируваат три сакани сестри.

Ние сме тие три деца, три различни светови. Едната е остра и кажува сè што мисли, прекорува и секогаш е најпаметна, а во случајов тоа сум јас.

Другата е тиква и мирна, но само на прв поглед. А, третата отсекогаш е посакуваното машко дете, па така таа е најразмазена и најнесмасна.

Стануваме по некојси чуден ред. Обично јас сум прва, а некогаш за чудо, ќе ме претрка најмладата која веднаш ја пушта музиката и тропка по собата. Е баш таа е најмладата и најнескротливата.

Таа преку ноќ израсна во голема девојка која се дотерува, шминка, допишува и не учи. Отсекогаш била незапирлива и продолжува да биде. Се сеќавам дека отсекогаш ја малтретираше Ивана, нашата најмирна девојка.

Таа пак, целата е мила и бавна, човек сè би и дал само вечно да остане така тивка и совесна.

Баш тие две се дел од мојот прекрасен живот. И мозокот секој ден ми запира по неколку пати од што имам милион мисли врзани за нив.

Се разбеснувам кога ме прашуваат каде е ситницата која им е пред очи, а често ми пука главата кога се прават дека ме слушаат, а всушност не ги интересира.

Ништо не чувствувам сè до оној момент додека една од нив не замине. Екскурзија, пат, случајно и ненамерно.

Знаете, тогаш ви фалат дури и оние забрани од типот „не ја јади целата торта, остави и за сестра ти“, па дури тогаш сфаќате дека најсладок е залакот кој го делите со нив.

Имаме различни ситуации. Започнувајќи од оние кога ги прашувам како ми стои фустанот, па сè до оние кога јас морам да ги откачувам нивните дечковци, само затоа што сум најострата и најдиректната.

Да, звучи малце грубо, за некој банално и неважно, но тоа е животот за кој сум благодарна.

Важно ми е што по којзнае кој пат пишувам за љубовта која нема цена.

Иако кога и да побарам вода, никогаш не ја добивам, иако сме се скарале до вриштење милион пати и уште толку пати сме се издавале кај родителите театрално и очајно, знам дека сестрите ми се најдрагиот подарок кој некогаш го добив!

Би можело да ве интересира:

„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Морничави нерешени мистерии од реалноста кои ќе ве држат будни навечер Во 2019-та, Американката Ели Грин дознала дека мајка ѝ починала во психијатриска...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg