Што открива за вас положбата во која спиете?

Положбата во која спиеме е поврзана со нашата индивидуалност и душевна состојба. Ако сакате некого да го запознаете подобро, набљудувајте го како спие и воочете ги знаците кои откриваат скриени делови на неговата личност.

sto-otkriva-za-vas-polozbata-vo-koja-spiete-01

Целосната врска со надворешниот свет не ја губиме ниту во сонот.

Положбата во која спиеме не е случајна - таа е одредена од нашиот интимен, скриен дел од душата, кој во будна состојба е недостапен.

Можеби тоа е и причина за наши одредени движења или менувања на положбата во спиењето несвесно.

Резултатите од многу истражувања за положбите во сонот се идентични - движењата и „позите“ го одразуваат човековиот став кон животот.

Полуфетусна положба
На страна најчесто спијат луѓе свесни за своите проблеми со кои треба да се соочат во животот. Оваа положба е карактеристична за луѓето што имаат потреба да ги мешаат реалноста и фантазијата и секогаш изгледаат како да сакаат да се заштитат самите од себе.

На грб
Оваа положба укажува на спокој, рамнотежа и сигурност. Луѓето кои спијат на грб се душевно смирени личности, кои не се плашат од соочувањето со секојдневните проблеми. Овие луѓе се склони кон искусување на сите телесни и душевни уживања кои ни ги дала природата.

Подигнати колена
Спиењето на грб со едно подигнато колено е типично за горди, самостојни и сигурни луѓе, додека спиењето со две подигнати колена индицира постојана загриженост и длабоко размислување за животот, особено пред спиење.

На грб со раширени раце
Во оваа положба спијат исполнети и задоволни луѓе, кои чувствуваат дека другите можат да се потпрат на нив. Тие се доверливи личности кои се секогаш подготвени да помогнат, макар и на своја штета.

Со благо раширени нозе
Овие луѓе имаат бурен и чувствителен живот и постојано се окупирани со своите љубовни и семејни односи.

Лежерно раширени нозе и раце околу главата
Оваа положба главно укажува на нервоза и тешкотија. Најчесто ваквите личности се загрижени и неодлучни.

Малку свиткани нозе
Мирни, повлечени, збунети луѓе, склони кон самотија.

На грб со крената глава
Навикнати да бидат во центарот на вниманието, овие личности зрачат со самодоверба и авторитет. Оваа положба е исто така честа за оние кои зборуваат во сон и месечарат.

На лева страна - кога не се работи за левичари
Оваа положба укажува на лошо расположение, неудобност или длабоко разочарување. Исто така може да означува и повлеченост.

На страна со едната рака под перница
Човекот има силна потсвесна потреба за љубов. Се чувствува незаштитено и опуштено.

На стомак со стиснати дланки
Знак на лутина и непријателство, според некои истражувачи, а според други, карактеристика на борбени, упорни и динамични луѓе со силна волја и голема енергија.

На стомак со раширени раце и нозе
Оваа положба се толкува како бегство од реалноста и повлекување во свој внатрешен свет. Укажува на песимистично настроена личност која секогаш е склона кон тоа да ја гледа чашата полупразна.

На стомак со лицето во перница
Вака спијат луѓето кои прецизно го планираат својот живот. Под влијание на тоа, тие држат сè под конец.

Успаевте ли да се пронајдете? Која е вашата положба?

Би можело да ве интересира:

„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...
8 сурови вистини од кои ќе научите многу за животот Ако не се борите за тоа што го сакате, не треба да плачете за тоа што ќе го изгу...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg