Како правилно да ја спакувате зимската облека?

Иако календарската зима сè уште трае, високите температури веќе одамна ни пристигнаа. Заедно со нив, сигурни сме дека веќе ги распакувавте полесните маички и отворени обувки.

kako-pravilno-da-ja-spakuvate-zimskata-obleka-01

Но, сега на ред доаѓа зимската гардероба која треба да одмора уште најмалку 6 месеци.

Еве како чисто и уредно да ги спакувате омилените џемпери, палта и чизми:

- Задолжително исчистете ја облеката пред пакувањето. Во спротивно, мирисот на неа ќе ги привлече молците и постои голема шанса боите да избледат.

- Тешките палта проветрете ги неколку дена. Доколку можете, однесете ги на хемиско чистење. Ставете ги во навлака од мушама или кеса и закачете ги во гардероберот. Во никој случај не го туткајте или диплете палтото ако сакате да го носите и следната зима.

- Модните додатоци како ракавици, шалови и капи сместете ги во посебни кутии. Проветрете ги и нив неколку часа пред да ја затворите кутијата.

- Кога се работи за чевли и чизми, добро е да ги исчистите нивните ѓонови, а доколку се работи за чиста кожа, овозможете им целосна нега. Вратете ги во кутии малку поголеми од потребното и така чувајте ги на суво место.

- Џемперите се најчувствителното парче облека од зимската гардероба, затоа бидете внимателни. Проветрете ги неколку часа пред пакувањето потоа започнете. Најтешките и најдебели џемпери ставете ги најдолу, а потенките над нив. Спакувајте ги во голема кутија чие дно ќе го обложите со мека ткаенина.

- За зимските здолништа важат истите правила како и за џемперите, доколку се плетени. Ако се од материјал кој лесно се тутка, погрижете се да останат закачени во гардероберот, наместо во кутија.

- Фармерките во никој случај не ги чувајте здиплени на неколку пати. Запаметете дека тексасот секогаш се оштетува и избледува на местата каде е превиткан.

Би можело да ве интересира:

9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
Зелен чај против лош мирис и уште 6 трикови со кои чевлите ќе ви бидат удобни и ќе личат на нови Долгото одење или стоење во салонки не е секогаш пријатно. По некое време п...
5 работи кои често ги купуваме, а кои (реално) не ни се потребни Денес се многу популарни справите за вежбање кои се користат дома. Ги гледа...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg