Брза чоколадна торта од само три состојки

За празнициве сакате да ги избегнете стандардните, лесни рецепти и за промена да направите чоколадно изненадување за најблиските? Имаме сјајно решение кое нема да ви одземе многу време, ниту пари.

brza-cokoladna-torta-od-samo-tri-sostojki-01

Оваа вкусна торта од само три состојки се подготвува брзо и лесно. Богатиот чоколаден вкус на сите ќе им се допадне, а вие ќе се покажете како вистински експерт за торти.

Потребни состојки:

  • 175 грама темно чоколадо
  • 7 јајца
  • 140 грама путер

Начиниот на подготовка е следниот:

Рерната загрејте ја на 130 степени. Калапот за тортата премачкувајте го со путер, потоа обложете го со хартија за печење.

Чоколадата искршете ја и стопете ја на пареа. Пред сосема да се стопи, додајте го и путерот исецкан на коцки. Мешајте додека целосно не се растопи.

Одвојте ги жолчките од белките и во еден сад матете ги жолчките додека не добиете мазна пена. Потоа во нив додадете ја смесата од чоколадо и путер и промешајте.

Во друг сад направете шлаг од белките и постепено додавајте го во претходно подготвената смеса, мешајте додека целосно не се изедначи.

Смесата сипете ја во претходно подготвениот калап за печење и покријте ја со фолија. Калапот ставете го во поголем сад за печење, садот наполнете го со топла вода, која ќе го потопи калапот до половина.

Печете 25 минути. Внатрешноста на тортата ќе биде мека, а од надвор ќе биде крцкава.

По печењето, оставете ја тортата да се олади и посипете ја со шеќер во прав. Можете да ја послужете со свежи јагоди или овошје по желба.

brza-cokoladna-torta-od-samo-tri-sostojki-02

Би можело да ве интересира:

Вкусен колач без печење со ресана и Кока-кола Сакате да пробате нешто ново, а вкусно? Погледнете го видео-рецептот за колач со...
Шеќерни крофни со цимет и путер, меки како душа Крофните со шеќер, цимет и путер се најмеките крофни што некогаш ќе ги пробате. ...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Ќе барате уште едно парче - Посна чоколадна торта Обично се смета дека десертите не се посни и дека речиси е невозможно да се напр...
Вкусни бомбици од 2 состојки за кога немате ништо благо дома Кога немате ништо благо дома, можете да си подготвите бомбици од само 2 состојки...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg