Забавни идеи за украсување на велигденските јајца

Конечно дојде редот на најзабавната велигденска традиција! А, затоа што претпоставуваме дека ви досади да ги бојадисувате јајцата во една единствена боја, ја будиме креативноста со неколку лесни проекти.

zabavni-idei-za-ukrasuvanje-na-veligdenskite-jajca-01

Кој рече дека не можете да направите уникатни шарени јајца какви никој до сега не видел?

Барем една идеја мора да ви фати око!

Јајце - табла

Обојте ги јајцата со боја за училишни табли. Откако ќе се исушат, со шарена креда можете да цртате разни шари, фигури и дезени.

Доколку не ви се допаѓа креацијата измијте го јајцето и почнете од почеток. Идеално решение за да ја разбудите креативноста во најмладите!

zabavni-idei-za-ukrasuvanje-na-veligdenskite-jajca-02


Дезени со линии
 

За овие дезенирани јајца потребна ви е само изолир трака. Излепете го јајцето и ставете го во да отстои во една боја.

Откако ќе се исуши основната боја, залепете нови траки и ставете го јајцето во втората боја да отстои.

Комбинирајте ги 3те основни бои од кои се добиваат сите останати, за успешен краен резултат како на фотографијата.

zabavni-idei-za-ukrasuvanje-na-veligdenskite-jajca-03


Градација
 

Овие нијансирани јајца се поедноставни за изработка отколку што изгледаат. Тајната лежи во постепеното разредување на бојата.

Прво ставете малку вода во една ќесичка боја, брцнете го јајцето и оставете го да отстои. По половина час додадете неколку капки вода. Повторно оставете го да отстои половина час.

Повторувајте ја постапката додека не го прекриете јајцето со вода до самиот врв.

zabavni-idei-za-ukrasuvanje-na-veligdenskite-jajca-04


Светкави јајца со точки

Обојте ги јајцата во одбраната боја и оставете ги да се исушат или пак користете чисти, бели јајца.  Украсувајте ја прво едната а потоа другата страна на јајцето.

На местата каде сакате да имате светки нанесете лепило. Држејќи го јајцето во рака посипувајте го со светки. Сигурно ќе имате светки по целото јајце, но без грижа. Оставете го да се исуши.

После неколку часа со четка за заби исчистете го јајцето од вишокот светки.

zabavni-idei-za-ukrasuvanje-na-veligdenskite-jajca-05


Јајца со тантела

Постапката ви е позната од шарањето со кромид во тенки чорапи, така што ова ќе биде поедноставно отколку што мислевте.

Најдобро е да замотате едно бело јајце во парче тантела, добро да го заврзете со конец и да го потопите во растворена боја.

По извесно време отстранете ја тантелата. Ќе се зачудите од шарите кои ќе ги добиете!

zabavni-idei-za-ukrasuvanje-na-veligdenskite-jajca-06


Свилени јајца
 

Одберете свилена марама која не ја носите подолго време, а има интересна шара и замотајте неколку јајца во неа. Добро затегнете со конец и потопете ги во половина сад полн вода, половина пол со алкохолен оцет.

Варете 45 минути, оладете ги и почекајте потполно да се исушат. Потоа одмотајте ги парчињата свила.

Крајниот резултат ќе биде како на фотографијата, загарантирано!

zabavni-idei-za-ukrasuvanje-na-veligdenskite-jajca-07

Би можело да ве интересира:

Во Македонија сакаме кајгана, а каков појадок со јајца се приготвува низ различни земји од светот? Појадокот често се смета за најважен оброк во денот, а јајцата сe eдна од главни...
Носи само жолта облека - Кој е „жолтиот човек“ од Сирија и зошто веќе 40 години е опседнат со оваа б... На раздвижените улици во Алепо, Сирија, постои личност која ја буди љубопитноста...
8 едноставни совети кои ќе ви го олеснат животот (а сигурно не сте ни слушнале за некои од нив) Како да ја исчистиме рибата од крлушките за 2 минути? Или да ги свариме јајцата ...
Кул трикови што ќе ви се најдат кога престојувате хотел Испеглајте ја облеката со пареа во бањата, а доколку треба да исперете нешто во ...
Кои бои ќе ви донесат среќа и пари во 2024-та година, според Фенг шуи? Која боја треба да доминира во вашата облека и во уредувањето на домот за 2024-т...
12 трикови што треба да ги знаете – ќе ви го олеснат секојдневието За да не ви се „распадне“ кашкавалот додека го рендате, прво ставете го во замрз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg