Посно мени кое ќе ви ја даде потребната енергија

Деновите пред Велигден оние кои постат навистина имаат дилема што да зготват и да јадат, за да биде сето тоа вкусно и да им ја даде потребната енергија за целиот ден.

posno-meni-koe-ke-vin-ja-dade-potrebnata-energija-01

Токму затоа потребно е вашето мени да се состои од посни, но енергични состојки, да биде доволно обилно и да ве засити. Ако постите не значи дека не треба да имате вкусен ручек од салата, главно јадење и десерт.

Ова се денешните предлози:

Витаминска салата

Колку повеќе бои има толку е поздрава и ќе ви даде повеќе енергија. Затоа искористете го секој сезонски зеленчук, исечкајте го и измешајте ја.

Потребни состојки:

  • 1 ротквица
  • 2 моркова
  • 1 мала виолетова зелка
  • 1 поголема краставица
  • ½ лажичка шеќер
  • 1 лажичка јаболков оцет
  • ½ чаша вода
  • Неколку капки лимон
  • Сол

Подготовка:

Во едно чинивче помешајте го оцетот, сокот од лимон и половина чаша вода. Мешајте додека шеќерот не се растопи.

Исчистете ги ротквицата и морковот, краставицата измијте ја, а од зелката отстранете ги првите листови.

Крупно исечкајте ги или изрендајте ги ротквицата и морковите па додајте ги во чинијата со преливот. Зелката исечете ја на резанки, а краставицата на тенки крукчиња, па и тоа додајте го во чинијата.

Внимателно измешајте го зеленчукот, па исцедете го остатокот и сервирајте го во чинија.

posno-meni-koe-ke-vin-ja-dade-potrebnata-energija-02


Посна салата со ѓумбир

Ако сте човек кој сака да експериментира и да спојува овошје и зеленчук, тогаш задолжително испробајте ја оваа салата. Состојките може да варираат.

Потребни состојки:

  • Зелена салата
  • Магданос
  • 2 домати
  • 4 млади ротквици
  • 1 зрело авокадо
  • 1 црвен грејпфрут
  • 1 главица кромид
  • Мало парче свеж ѓумбир
  • Сок од 1 лимон
  • Маслиново масло
  • Сол

Подготовка:

Сите плодови добро измијте ги, излупете ги и исечкајте ги на коцки. Само кромидот оставете го во форма на прстени.

Додајте го сокот од лимонот, маслиновото масло и сол по желба, добро измешајте и послужете.

posno-meni-koe-ke-vin-ja-dade-potrebnata-energija-03


Супа од шампињони

Вкусна, кремаста супа која одлично ќе се вклопи во лесното посно мени како предјадење или пак лесна вечера.

Потребни состојки:

  • 250g шампињони
  • 2 лажици маргарин
  • 1 мала главица кромид
  • 1 лажица брашно
  • 2dl бело вино
  • Сол
  • Бибер

Подготовка:

Ситно исечкајте го кромидот, а печурките сечкајте ги на листови. Пропржете ги заедно за загреан маргарин.

Додајте го брашното, прелијте со 2 литри вода и варете додека шампињоните не омекнат.

Прелијте го виното, а потоа додадете зачини по желба. Посолете и супата е готова!

posno-meni-koe-ke-vin-ja-dade-potrebnata-energija-04


Пастрмка со ориз

Рибата е вообичаено најприготвувана за време на пости. Хранлива е и здрава, а може да ја комбинирате со различен зеленчук. Исто така, претставува одлична замена за оние кои едвај издржуваат без месо

Потребни состојки:

  • 3 мали пастрмки
  • 2 лажички масло
  • 1 лажичка брашно
  • 1 лук
  • 3 лажици ориз
  • 2 зелени пиперки
  • 1 лажичка лимонов сок
  • Сол и бибер

Подготовка:

Рибата исчистете ја, измијте ја и посолете ја. Оставете ја да отстои неколку часа.

На масло пропржете го ситно сечканиот лук и додајте му ја исечканата зелена пиперка. Додајте го сварениот ориз, промешајте, па додадете го лимоновиот сок. Со таа смеса наполнете ја пастрмката и затворете ја со чепкалки или со конец.

Рибата извалкајте ја во брашно и печете ја во рерна околу 30 минути.

posno-meni-koe-ke-vin-ja-dade-potrebnata-energija-05


Печен компир

Послужете го со свежа салата или риба како додаток и нема да погрешите!

Потребни состојки:

  • ½ kg компир
  • 1 кромид
  • 2 лажици зачин од сушена пиперка
  • Вегета
  • Маслиново масло

Подготовка:

Излупете ги компирите и исечкајте ги на парчиња со средна дебелина. Варете го компирот 10тина минути, а потоа откако ќе се олади, прелијте го со масло и додадете го зачинот од сушени пиперки.

Промешајте и наредете го компирот во тавче за печење. Над него исечкајте го кромидот на прстени и печете околу 20 минути на температура од 220 степени.

Кон крајот додадете Вегета и уште малку масло, па допечете 10 минути на највисока температура.

posno-meni-koe-ke-vin-ja-dade-potrebnata-energija-06


Посна торта со бело вино

Вкусна чоколадна торта е најголемото задоволство кое може да си го дозволите за време на постите. Сигурно ќе ви биде омилена и ќе уживате додека јадете.

Потребни состојки:

  • 2dl Бело вино
  • 450g шеќер
  • 1,5dl масло
  • 300g брашно
  • 1 прашок за пециво
  • 1 кора од лимон
  • 1dl кисела вода
  • 1 лажичка какао
  • 300g мелени ореви
  • 200g локум
  • 200g џем

Подготовка:

Сварете го виното со масло и 200g шеќер, па додадете го брашното и прашокот за печиво. Потоа додадете ја изренданата кора од лимон, киселата вода, малку обична вода, какао и 100 грама мелени ореви.

Изедначете ја смесата и поделете ја на 4 дела. Секој дел растегнете го во тава и испечете го.

Оставете ги корите да се оладат, а во меѓувреме истопете 250g шеќер со 2dl вода и додајте го локумот да се растопи. Дотурете ги и преостанатите ореви.

Секоја кора премачкајте ја со џем, па со филот. Украсете ја по желба и оставете ја да се олади неколку часа.

posno-meni-koe-ke-vin-ja-dade-potrebnata-energija-07

Би можело да ве интересира:

Посен ручек за сладокусци - полнети црвени пиперки со ориз и печурки Во деновите на пости, ви препорачуваме превкусен рецепт за црвени пиперки полнет...
3 рецепти за деновите кога постите без масло Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
Рецепти од ТикТок кои нема да ги „промашат“ и тие што се помалку вешти во кујна Похувано пилешко со пармезан, крем супа од брокула и чедар или американски палач...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg