Направи сам: Торбичка - зајче полна со чоколадни јајца

Она што може да ве израдува за време на Велигденските празници е украсувањето, шарените јајца, но и по некоја креативна идеја. За вашите најмали и најмили може да направите интересна торбичка во облик на зајаче која ќе им ја наполните со чоколадни јајца и бескрајно ќе ги израдувате.

napravete-sami-ukrasna-torbicka-za-cokoladni-veligdenski-jajca-01

Потребен материјал:

  • 3 хартиени чинии
  • Бел и розoв памук
  • Розoва сатенска лента
  • Хевталка и ножички

Постапка

Чекор 1: Доближете го работ на едната чинија врз другиот, исцртајте ги рабовите и исечете го заоблениот дел од чинијата. Истото направете го и од другата страна за да ги добиете ушите на зајчето.

Чекор 2: Со хевталка зацврстете ги другите две хартиени чинии завртени со предните делови една кон друга. На горниот дел од задната чинија прицврстете ги исечените хартиени уши, на кои претходно ќе залепите мали парчиња во ист облик од розевата колажна хартија.

Чекор 3: За да го добиете ликот на зајчето, на средишниот дел од предната чинија исцртајте со црн фломастер очи и две запчиња на зајчето, а на средина залепете малку бел и малку розев памук кои ќе бидат на местото на носето.

Чекор 4: На горните краеви од задната чинија направете по едно дупче низ кое ќе ја протнете розевата сатенска лента, а внатрешноста меѓу двете чинии да ја исполните со памук и да ставите многу малечки чоколадни јајца.

Би можело да ве интересира:

Бизарна приказна: Сите детали за инфлуенсерката што лажела дека има рак на мозок и дека сама го леку... Бел Гибсон е една од првите Инстаграм инфлуенсерки која имаше над 300.000 следбе...
Што открива обликот на телото за вашиот карактер? Едни се амбициозни и родени лидери, други се омилени во друштво, а трети - добро...
Во Македонија сакаме кајгана, а каков појадок со јајца се приготвува низ различни земји од светот? Појадокот често се смета за најважен оброк во денот, а јајцата сe eдна од главни...
Како да им дадете „втор живот“ на старите перници? Ако имате куче или маче, старите перници може да ги искористите да направите одл...
12 трикови што треба да ги знаете – ќе ви го олеснат секојдневието За да не ви се „распадне“ кашкавалот додека го рендате, прво ставете го во замрз...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg