11 правила за среќа по кои вреди да се живее

Сè уште сте во потрага по дефиницијата за успешен живот? Помирете се дека таа е покомплицирана отколку што мислевте и притоа нема никаква поврзаност со материјалното.

11-pravila-po-koi-vredi-da-se-zivee-01

Живејте исполнет и успешен живот, така што...

1. Секогаш ќе знаете кои сте, кои се вашите вредности и за што се борите во животот.

2. Секогаш ќе имате мала група на луѓе, па можеби и само една личност со која ќе можете да бидете свои. Обично, таа ќе биде личноста заради која заспивате и се будите со насмевка.

3. Секогаш ќе имате мала група на луѓе кои не ги гледате често, но кога сте со нив вашите соништа стануваат реалност.

4. Ќе сфатите дека секој момент е значаен и утредента никогаш не е загарантирана.

5. Секогаш ќе бидете отворени за сочувство и помош. И никогаш, ама баш никогаш, нема да очекувате ништо за возврат.

6. Ќе научите да сакате. Силно, искрено, без страв.

7. Некогаш ќе ја пронајдете страста која ќе ве води низ животот. Порано или подоцна, токму таа ќе ви го направи животот исполнет.

8. Секогаш ќе ги складирате сеќавањата. Некои ќе ве натераат да се насмевнете, некои ќе ви предизвикаат солзи, но нема ништо поубаво од моментите полни емоции.

9. Ќе имате храброст да создадете сопствена мапа во животот. Со свои кривини кои ќе ви го поткренат адреналинот, но и свои камчиња кои ќе ви го отежнат патот.

10. Ќе научите кога е вистинското време да замолчите, а кога гласно да проговорите.

11. Ќе сфатите кога е вистинското време да кажете „збогум!“

Би можело да ве интересира:

„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Корисни трикови што ги научивме во училиште, а ни служат за цел живот За разлика од новите генерации кои користат паметни табли и голем број надредни ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg