Добро утро: 7 начини за позитивен почеток на денот

Понекогаш има денови кога едвај станувате од кревет. Го исклучувате будилникот, не стигнувате да појадувате, доцните на работа, нервозни сте...

dobro-utro-7-nacini-za-pozitiven-pocetok-na-denot-01

Сепак, постојат некои утрински навики со кои може да ја намалите или избегнете утринската нервоза.

1. Афирмација

Можеби ќе ви делува малку откачено, но психолозите тврдат деак речениците кои се изговорени во позитивен контекст може да го поправат расположението, а и целата енергија. Ако не сте сигурни што би требало да изгивирите, пробајте нешто едноставно, како: „Денес ме очекува убав и успешен ден“.

2. Концентрирајте се на дишењето

Истражувањата покажале дека длабокото дишење може да го одложи стресот и анксиозноса. Додека се миете или туширате, земете вздух, задржете го 5 секунди во градите, а потоа полека и лесно испуштајтр го и бројте во себе до 5. Тоа е одлична можност за да се смирите.

3.  Стоперката како помош

Често мислиме дека за некоја рутинска активност ни е потребно малку време, а излегува дека е поинаку. За да знаете колку минути навистина ви се потребни за да се истуширате, нашминкате, облечете и да стигнете на работното место, ќе можете правилно да го распоредите времето и секаде да стигнете без стрес.

dobro-utro-7-nacini-za-pozitiven-pocetok-na-denot-1

4. Дајте си дополнителни 15 минути

Ако за некоја работа ви е потребен половина час, дајте си можност и слобода да завршите 15 минути подоцна. Така нема да бидете под стрес, ниту ќе работите како на лента. Уште еден трик е да го наместитс часовникот 15 минути понапред. Тоа е мала психолошка игра која ќе ви заштеди на време и нема да се нервирате.

5. Слушајте музика

Направети си листа од омилените песни во мобилниот и пуштакјте си ја штом отворите очи. Звуците на омилената музика или глас ќе ви го подобрат вднаш располоќението.

6. Планирајте однапред

Секогаш подгответе си јадење за на работа, одберете што ќе облечете и подгответе си ја чантата. Ова ќе ви одземе 5 минути навечер, а ќе ви заштеди 15 минути наутро.

7. Истегнете се

Утринската гимнастика може да ја направите и додека лежите во кревет. Истегнете го телото, направите неколку серии стомачни вежби, а кога ќе станете направете 10 чучнувања. Благата физичка активност рано наутро делотворна е за квалитетно будење и среќен почеток на денот.

dobro-utro-7-nacini-za-pozitiven-pocetok-na-denot-2

Би можело да ве интересира:

Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
Непријатни промени што мора да ги направите во 20-тите години ако сакате исполнет живот Сите се свесни дека ако сакат да си го подобрат животот, мора да направат некои ...
Кул трикови што ќе ви се најдат кога престојувате хотел Испеглајте ја облеката со пареа во бањата, а доколку треба да исперете нешто во ...
„Губење“ време и уште 9 работи што сите треба да ги правиме почесто Денес, кога сè околу нас се случува пребрзо и неретко немаме ни време да здивнем...
12 трикови што треба да ги знаете – ќе ви го олеснат секојдневието За да не ви се „распадне“ кашкавалот додека го рендате, прво ставете го во замрз...
8 психолошки трикови кои ќе ви помогнат да кажете „НЕ“, без да се чувствувате непријатно Излажете, искористете шега, но бидете и директни ако сте соочени со неучтива лич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg