Како омилените патики и балетанки да ги направите водоотпорни?

Едвај чекавте да дојде пролет за да си ги облечете омилените старки или лесните балетанки, но дождот никако да престане. Сигурно не сакате да ги носите чизмите и чевлите на високи потпетици по цел ден, но мора некако да се заштитите од водата за да не пливате во нив.

kako-omilenite-patiki-i-baletanki-da-gi-napravite-vodootporni-01

За овој проблем има брз и едноставен трик.

Потребно ви е:

- пчелин восок

- ракавици

- фен за коса

Ставете ги ракавиците, па со восокот тријте го платното по должина на патиките или балетанките. Нека не ве изненадува ако на платното се познава бела трага, како од сапун.

Откако ќе ги премачкате, земете фен за коса, насочете го кон платното и  загревајте додека восокот не се стопи и белата трага не исчезне.

Оставете ги да отстојат пет до десет минути.

Доколку се плашите дека ќе ги уништите омилените, пробајте прво на некои стар пар.

Пчелниот восок создава водоотпорен слој кој нема да ја уништи ниту бојата ниту платното.

kako-omilenite-patiki-i-baletanki-da-gi-napravite-vodootporni-1

Би можело да ве интересира:

8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Зелен чај против лош мирис и уште 6 трикови со кои чевлите ќе ви бидат удобни и ќе личат на нови Долгото одење или стоење во салонки не е секогаш пријатно. По некое време п...
Корисни трикови што ги научивме во училиште, а ни служат за цел живот За разлика од новите генерации кои користат паметни табли и голем број надредни ...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg