Момци, овие работи не треба да си ги дозволувате после 30-тата!

Границите на созревањето се променети како кај жените, така и кај мажите, но, сепак, кај мажите таквата појава понегативно се одразува.

momci-ovie-raboti-ne-treba-da-si-gi-dozvoluvate-posle-30-tata-01

Некогаш, кога се зборувало за триесетгодишен маж, се мислело на зрел човек кој веќе работи професија која му носи добри и сигурни примања, има свој автомобил,  дури и стан, но што е најважно, знае што сака од животот.

Меѓутоа, денес границите на сето тоа се променети, па повеќето мажи станаа изгубени во просторот и времето.

Повеќето фраери на триесет години немаат работа, живеат со родителите и што е најлошо немаат никаква претстава ниту идеја која би го променила нивното секојдневие.

Сепак, како еден вистински маж, треба да ги отворите очите, да размислите за својот живот и пред сè да бидете свесни за сите работи кои се недопустливи после 30-тата.

Живеете од плата до плата

Богатството во животот се создава само на еден начин, со штедење и нетрошење на сите пари. Ако овој поим ви е чуден, тогаш сигурно и вие сте нахранети со капиталистичките глупости: троши, купувај, троши. Реалноста би требало да биде малку поинаква. Време е да размислите на кој начин ќе се подготвите за иднината и финансиската независност.

Секојдневно играте видео игри

Освен во случајот кога сте професионален играч и на тој начин заработувате за живот, играњето видеоигри за многу момци може да биде навика која ќе им го уништи животот и здравјето, а тоа најмногу зависи од времето кое го поминуваат зјапајќи во екранот.

За жал, оние кои играат игри повеќе од 8 часа дневно имаат големи проблеми во одвикнувањето , но секако им треба помош. Доколку сте еден од нив би требало да размислите која ви е целта и да си ги одредите приоритетите.

momci-ovie-raboti-ne-treba-da-si-gi-dozvoluvate-posle-30-tata-1

Често се опивате

Алкохолот е во ред, но во умерени количини. Дел е од нашата култура и не можеме да го избегнеме целосно, а тоа да не биде чудно. Во текот на своите дваесетти години многу момци одлично се забавуваат и често излегуваат не внимавајќи на количината алкохол која ја внесуваат во себе. Во тие моменти сериозно се приближуваат до границата после која консумирањето алкохол може да се нарече болест. Време е да размислите за тоа, а триесеттите се одличен период кој не би требало да го поминете во полупијана, несвесна состојба.

Возите како лудак

Време е да почнете да се однесувате како нормални луѓе. Нема потреба од гласна музика, стартување со закочени гуми и тркање низ тунели. Стари сте за да се шегувате, а казните се сè подрастични. Среќа е што досега не сте завршиле со некоја страшна повреда или не сте загрозиле некој друг. Возете одговорно.

Немате свое мислење

Како одминуваат годините од луѓето се очекува да бидат помудри и попаметни. Кога ќе се погледнете себе во улога на возрасен и одговорен човек, сметате дека сте интелектуално развиена личност која ги сфаќа проблемите во светот кој ја опкружува. Време е тоа да ви стане вистинска одлика. Доволно сте поминале за да можете да препознаете кога некој зборува лаги, а кога ја кажува вистината. Мора да имате свое мислење и јасни ставови.

momci-ovie-raboti-ne-treba-da-si-gi-dozvoluvate-posle-30-tata-3

Неуредни сте

Многу е важно по триесеттата година да имате свој стил. Да се облекувате соодветно на годините, а не како средношколец. Исто така, смрдливата, неиспеглана облека може да ги избрка девојките од вас. Никоја не сака да му биде мајка на момчето. Променете ги навиките, научете сами да се средувате и себе и својот дом. Тогаш ќе станете потенцијален маж на секоја девојка.

Јадете нездраво

Големи количини од која било храна е опасна за вашето здравје, а ако зборуваме за големи количини плескавици, хамбургери, пржена храна и пици, тогаш тоа претставува вистинска катастрофа. Брзата храна има ужасно лошо влијание на срцето, кожата и кардиоваскуларниот систем кои најчесто доведува до инфаркт. Во исхраната внесете свежо овошје и зеленчук, варена храна  и повеќе супи.

momci-ovie-raboti-ne-treba-da-si-gi-dozvoluvate-posle-30-tata-2

Би можело да ве интересира:

9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg