19 кратки совети за долг живот

Наместо да пробувате различни апчиња, витамини и третмани со цел да го продолжите животниот век, треба да знаете дека суштината е во нешто друго.

19-soveti-kako-da-ja-doziveete-stotata-godina-01

Она што е најважно за долг живот е среќата, здравјето и душевниот мир. Токму тоа може да го постигнете ако следите некои суштински совети и насоки од луѓе кои тоа го научиле во текот на својот живот.

Некои совети може да ви звучат чудно, некои банално, но важно е да ги почитувате:

1. Направете си чај

Кесичката чај содржи антиоксиданси полифеноли кои му помагаат на телото да се бори против срцевите заболувања, ракот и предвременото стареење. Едно израелско истражување открило дека луѓето кои умерено пијат чај живеат подолго од оние кои воопшто не пијат чај. Не заборавајте да го промешате и подолго да ја оставите кесичката за да се ослободат сите здрави состојки.

2. Балансирајте на една нога секое утро

Можеби ви звучи лудо, но стоењето на една нога додека се облекувате наутро го присилува вашето тело да балансира и да ги затегне мускулите.

3. Практикувајте секс најмалку двапати неделно

Опсежното истражување за долг живот открило дека оние кои практикуваат секс еднаш месечно имаат двојно поголем ризик да умрат порано од оние кои тоа го прават барем двапати неделно. Освен здравствената предност, паровите кои имаат здрав сексуален живот изгледаат и до седум години помладо, бидејќи сексот го смалува стресот, нè прави задоволни и подобро спиеме.

4. Јадете по 3 ореви дневно

Оревите се многу здрави бидејќи содржат состојки кои се клучни за борбата против разните болести, како и антиоксидансите против стареење.

5. Користете помалку креми за сончање, но не дозволувајте да изгорите.

Сонцето ја храни нашата кожа со витамин Д кој е клучен за намалување на ризикот од рак. Се препорачува 15 до 20 минути дневно изложување на сонце.

6. Имајте шест добри пријатели на кои може да сметате

Развивањето блиски односи и роднински врски е една од тајните за да доживеете сто години, утврдило едно австралиско истражување. Пријателите ни овозможуваат емотивна поддршка која ни помага да се носиме со стресот и прави да се чувствуваме среќни што го зголемува производството на допамин и окситоцин кои позитивно влијаат на нашиот мозок и го забавуваат стареењето.

19-soveti-kako-da-ja-doziveete-stotata-godina-1

7. Престанете да јадете кога сте 80 отсто сити

Американски истражувачи откриле дека животните на кои оброкот им е скратен за една третина, живеат подолго, отколку оние кои се прејадуваат со целиот оброк.

8. Легнувајте си еден час порано секогаш кога можете

Недостатокот на сон го доведува вашето тело во опасност од заболување од депресија и срцеви болести. Истражувањето утврдило дека доколку спиете еден час повеќе го намалувате ризикот од срцев или мозочен удар.

9. Мијте ги забите секоја вечер

Не жвакајте мастики, туку секоја вечер пред спиење измијте ги забите. Истражувањата открија дека срцевите заболувања , дијабетисот и одредени типови рак се поврзани со болестите на забите.

10.  Купете си милениче

Нежноста на миленичето помага да ви се намали стресот, депресијата и ви го продолжува животот.

11. Не го чувајте овошјето во фрижидер

Утврдено е дека изладеното овошје содржи помалку хранливи материи од она кое го чуваме на собна температура.

12. Помагајте им на другите

Чувствувајте се подобро и посреќно што ќе допринесе за вашето физичко и психичко здравје.

19-soveti-kako-da-ja-doziveete-stotata-godina-2.jpg

13. Пејте под туш

Пеењето е поздраво од земањето витамини, открила една студија на Харвард. Пуштете го гласот и ќе имате здраво срце.

14. Престанете да се жалите

Оптимистите живеат 12 години подоцна од песимистите, утврдило американското истражување. Исто така, поотпорни се на вирусните болести и имаат помалку шанси да добијат рак на кожата.

15. Пијте сок од јаболко

Овој пијалак го одржува вашиот мозок млад. Само две чаши дневно ќе направат чудо.

16. Венчајте се – добро е за вашето здравје

Оженетите мажи имаат три пати помали шанси да умрат од срцева болест, отколку мажите кои никогаш не биле во врска. Исто така, кај мажените жени е намален ризикот од срцеви заболувања.

17. Смејте се 20 пати на ден

Смеењето го подобрува и го зајакнува вашиот имун систем, ги намалува хормоните на стресот и ги стимулираат клетките кои го убиваат ракот.

18. Престанете да пушите

Пушењето го намалува животот за околу десет години, но го намалува и квалитетот на животот во поодминатите години.

19. Верувајте во нешто

Повеќе од илјада истражувања откриле дека верниците живеат подолго. Верувањето на луѓето им помага да се носат со стресот и емотивните проблеми, а со тоа го штитат срцето и респираторните органи.

19-soveti-kako-da-ja-doziveete-stotata-godina-3.jpg

Би можело да ве интересира:

Жените го имаат главниот збор, мажите го земаат нивното презимe: Интересни факти за племето Кхаси од... Мажот во куќата доаѓа како домазет, целиот имот останува на најмалата ќерка, а а...
Самоубиство, предозирање, убиство: Деца генијалци чии животи завршиле трагично Програмерскиот гениј Арон Шварц изврши самоубиство на само 26 години, додека ист...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Добил смртна казна на 16 години, мислел дека е 500-годишен вампир – Бизарниот случај на Род и негови... На 16 години, Род од САД станал лидер на култ и ги убедувал членовите дека самио...
14 навики кои ни даваат сила и енергија во животот Запознаваме нови луѓе. Ги надминуваме своите стравови. Минуваме време со луѓе ко...
Пар наместо дете посвоил возрасна жена со џуџест раст, која сакала да ги убие - Бизарниот случај на ... Кога маж и жена ја посвоиле Наталија Грејс во 2010-та, тие мислеле дека таа е 6-...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg