Искуство со кое треба да се стекнете пред да наполните 30 години

Животот е училиште во кое нема распуст и секојдневно се среќаваме со нови лекции кои ги учиме.

30-raboti-koi-treba-da-gi-napravite-pred-da-napolnite-30-godini-1-

Искористете го секој ден колку што можете повеќе и од него исцедете ги сите работи и стекнувајте се поголемо животно искуство, само на тој начин еден ден ќе можете да бидете горди на себе.

Колку и да ви се чинат како неважни ситници, сепак овие неколку работи ви носат искуство за кое еден ден ќе си бидете благодарни што сте го стекнале.

Направете ги овие работи, пред да наредите 30 свеќички на роденденската торта:

1. Трчајте на маратон. Во ред е ако не можете да го истрчате целиот, важно е да учествувате.

2. Патувајте на некое егзотично место, тоа може да биде било каде. Нека направи да се чувствувате како да сте стигнале на крајот на светот.

3. Купете билети за некој музички фестивал во соседните земји. Забавувајте се како никогаш дотогаш.

4. Одете на нудистичка плажа. Зошто да не? Доколку не сте доволно храбри посетете некоја напуштена плажа и пливајте соблечени до гола кожа.

5. Дозволете си луксуз барем еднаш во животот. Резервирајте во некој елитен ресторан и вечерајте некој вкусен, скап оброк.

6. Гответе за вашите пријатели и семејство. Поканете ги во вашиот дом или одведете ги на некој несекојдневен пикник. Згответе им вкусна храна и приредете им излез од секојдневието. Чувството е незаменливо.

7. Го посакувате новиот автомобил кој штотуку се појави на пазарот, но не можете да си го дозволите? Одете во салонот за автомобили и побарајте пробно возење.

8. Запејте на караоке дури и ако воопшто немате глас за пеење. Испејте ја вашата омилена песна и забавувајте се.

30-raboti-koi-treba-da-gi-napravite-pred-da-napolnite-30-godini-8-

9. Кога ќе заминете во друг град искористете го патувањето за луда забава и останете во некој клуб до разденување.

10. Сте гледале ли досега метеорски дожд? Доколку вашиот одговор е не, тогаш тоа е нешто што мора да го направите.

30-raboti-koi-treba-da-gi-napravite-pred-da-napolnite-30-godini-10-

11. Наполнете се со адреналин и барем еднаш одете на банџи скокање, летање со параглајдер или некои слични водни активности.

30-raboti-koi-treba-da-gi-napravite-pred-da-napolnite-30-godini-11

12. Колку и да не ги сакате роденденските забави, барем еднаш направете огромна и незаборавна забава. Тоа може да биде и за вашиот 30ти роденден.

30-raboti-koi-treba-da-gi-napravite-pred-da-napolnite-30-godini-12-

13. Одете на планинарење. Освојте го врвот на планината и уживајте во погледот. Секако тоа не мора да биде Монт Еверест, одете на било која планина.

14. Приредете коктел забава и вие бидете шанкер. Научете да подготвувате барем неколку видови на коктели.

15. Кога ќе отидете некаде на летен одмор, одете на нуркање. Барем еднаш во животот видете го одблиску водниот свет.

16. Заминете некаде сосема сами. Дури и да се одлучите да одите некому во посета кој живее далеку од вас, патувајте сами. Само на тој начин подобро ќе се запознаете себе си.

17. Никогаш не е доцна за нов јазик. Научете некој нов јазик, тоа може да биде и јапонски. Зошто да не?

18. Една ноќ поминете ја кампувајќи под отворено небо. Уште подобро би било доколку тоа го направите на плажа и да заспиете додека го слушате жуборењето на водата.

19. Инвестирајте во добра облека. Еднаш дозволете си да го надминете буџетот и купете си го она што го веќе одамна го посакувате.

20. Волонтирајте или пријавете се да бидете некому ментор. Направете нешто добро за другите и така вие ќе се чувствувате уште подобро.

21. Аплицирајте за вашата работа од соништата. Без разлика дали ќе бидете примени или не, сепак направете го тоа. Нема подобро време од сега за исполнување на вашите соништа.

30-raboti-koi-treba-da-gi-napravite-pred-da-napolnite-30-godini-21-

22. Истражете ја вашата земја. Патувајте во некои места за кои дури немате ни чуено. Научете нешто повеќе.

23. Без разлика дали сакате спорт или не, сепак отидете на некој спортски натпревар. Викајте, навивајте и радувајте се за омилениот тим.

24. Научете некој занает. Посетувајте часови дури и ако не ви оди од рака, сепак убаво е да се знае нешто ново.

25. Накратко заборавете на мапата. Дозволете си да си изгубите додека шетате низ нов град. Снајдете се самите без мобилен, ГПС и истражувајте.

26. Поминете еден цел ден во природа. Тоа може да биде и во најблискиот парк. Исклучете ги сите други звуци и слушајте ја единствено природата.

27. Заљубете се лудо пред да наполните 30 години. Сакајте со целото срце и дозволете си да биде среќни.

30-raboti-koi-treba-da-gi-napravite-pred-da-napolnite-30-godini-27---

28. Напишете кратка приказна или поема и објавете ја на социјалните мрежи. Тоа нека биде нешто искрено, нешто што ги опишува моментите од животот кои сакате да ги споделите. Потоа врамете го ракописот и тој ќе ви биде спомен од едно убаво време.

29. Запознавајте нови луѓе. Ширете ги вашите познанства и стекнете се со многу нови пријателства. Прекрасно е да се биде опкружен со позитивни и искрени луѓе.

30-raboti-koi-treba-da-gi-napravite-pred-da-napolnite-30-godini-29-

30. Простете некому со кого долго не зборувате. Или јавете се први доколку со некого не зборувате подолго. Без разлика, на било што простете и барајте прошка. 

30-raboti-koi-treba-da-gi-napravite-pred-da-napolnite-30-godini-30-

А сега замислете желба и дувнете ги свеќичките...

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Зелен чај против лош мирис и уште 6 трикови со кои чевлите ќе ви бидат удобни и ќе личат на нови Долгото одење или стоење во салонки не е секогаш пријатно. По некое време п...
Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи Во Јапонија не е културно да се јаде на улица, жените во Турција на прекрстуваат...
5 потсетници кои ќе ви помогнат полесно да ги прифатите големите (и неизбежни) животни промени Не заборавајте дека промените ни помагаат да созрееме, но и дека секогаш ни носа...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg