Ситниците го прават животот, но овие неколку го прават летото исклучително добро

Малите работи во животот се оние кои прават големи разлики, па време е да го ослободите вашиот авантуристички дух.

sitnicite-go-pravat-zivotot-no-ovie-nekolku-go-pravat-letoto-isklucitelno-dobro-1

Велат дека она што ни останува на крајот од животот се токму спомените, затоа изградете си огромна кула од спомени кои вредат да бидат запомнети.

Тргнете чекор по чекор, започнете од ова лето и променете ги погледите кон светот:

Спијте под отворено небо

Животот е едно трепнување на очите и едно трепнување на ѕвездите на небото. Целиот живот го поминуваме во учење, студирање, работење, деца, семејство...но забораваме колку неверојатен може да биде универзумот и воопшто светот. Искористете ги летните, топли ноќи соберете ги пријателите и отидете некаде каде би можеле да спиете под отворено небо. Ако имате среќа, можеби ќе видите и некоја ѕвезда како паѓа, не заборавајте да замислите желба.

sitnicite-go-pravat-zivotot-no-ovie-nekolku-go-pravat-letoto-isklucitelno-dobro-2


Направете промена на изгледот

Скратете ја косата, зошто да не? Косата ќе порасне, а вие ќе имате нова фризура и потполно нов свеж, изглед. Чувствувајте се удобно во својата кожа, а летото е одличен период за нови експерименти.

sitnicite-go-pravat-zivotot-no-ovie-nekolku-go-pravat-letoto-isklucitelno-dobro-3


Бидете креативни

Направете некоја забава на отворено или кога сте слободни занимавајте се со уметност. Без разлика дали имате талент или не, пробајте насликајте го хоризонтот пред вас или учете да свирите на гитара. Запишете се на некој нов спорт и научете нешто ново и интересно. Постојат илјадници работи кои можете да ги правите надвор, а зимата е период кога ќе останете затворени дома. Забавувајте се!

sitnicite-go-pravat-zivotot-no-ovie-nekolku-go-pravat-letoto-isklucitelno-dobro-4


Звукот на тишината

Пробајте да не правите ништо и да седите во вашиот двор или на терасата. Релаксирајте се и медитирајте. На кратко, заборавете на вашиот Фејсбук профил, на вашиот мобилен телефон, работа, испити и исклучете се од реалноста. Понекогаш токму најдобриот начин да го користите летото е да седите надвор и да не правите ништо. 

sitnicite-go-pravat-zivotot-no-ovie-nekolku-go-pravat-letoto-isklucitelno-dobro-5

Би можело да ве интересира:

8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg