Духовита писмена жалба до една авиокомпанија

Ова писмо оригинално е објавено во април 2013 година, упатено е на карипската авиокомпанија Liat. Но, откако е објавено од страна на Ричард Бренсон, станало особено популарно.

duhovita-pismena-zalba-do-edna-aviokompanija-koja-ke-ve-voodusevi-01

Пред годишните одмори и патувања, прочитајте како маестрално и духовито, а сепак вистинито може да напишете жалба доколку имате некои недоразбирања со агенцијата преку која летувате.

„Драг Liat,

Би сакал да ви кажам дека е многу внимателно од ваша страна, тоа што на патниците им овозможувате детално разгледување на Карибите.

Повеќето други авиокомпании со кои сум летал единствено сакаат да ме однесат од точката А до точката Б, и тоа прилично брзо. Бев заинтригиран од тоа што вие ни дозволивте да застанеме не на еден, туку дури на шест величествени аеродроми. Па, кој сè уште сака да лета само со еден авион? Ние имавме прилика да го менуваме на секое слетување.

Прилично уживав во испробувањето на безбедносните скенери на секој од овие аеродроми. Навистина мислам дека е досега нечуено мислењето за тоа дека сите скенери се исти. Со оглед на тоа што имав прилика да ме допираат и бројни островјани, веќе можев да ја почувствувам топлата прегратка на Карибите.

Исто така, ми се допаѓа тоа што сето ова траеше за време на моите денови за на островите, бидејќи навистина сакам кога имам време да ја почувствувам атмосферата на аеродромските чекални.

Што се однесува до крајното пристигнување, па кој би сакал да се вози со траект, после сите тие летови. Баш ми беше мило што траектот одамна заминал, уште пред да пристигнеме и тоа што сите барови и ресторани беа затворени.

Затоа, ви благодарам, вие сте вистинска авиокомпанија за на Карибите.

п.с. Слободно задржете ми ја патничката торба, ионака никогаш не ми се допаѓала“.

Би можело да ве интересира:

Како да препознаете отровни змии и како да избегнете напад? Генерално, отровните змии имаат триаголна форма на главата, а неотровните змии и...
Пар наместо дете посвоил возрасна жена со џуџест раст, која сакала да ги убие - Бизарниот случај на ... Кога маж и жена ја посвоиле Наталија Грејс во 2010-та, тие мислеле дека таа е 6-...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
5 потсетници кои ќе ви помогнат полесно да ги прифатите големите (и неизбежни) животни промени Не заборавајте дека промените ни помагаат да созрееме, но и дека секогаш ни носа...
8 секојдневни работи кои (речиси) сите ги правиме погрешно Дали нанесувате маска или регенератор дури и на корените на косата? А, каде го с...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg