10 секојдневни навики кои ја зголемуваат интелигенцијата

Ако и вие живеете во заблуда дека интелигенцијата е однапред утврдена вредност која не се менува во текот на животот, време е да се уверите во спротивното.

10-sekojdnevni-naviki-koi-ja-zgolemuvaat-inteligencijata-01.jpg

Овој пат не зборуваме за препрочитување на старите книги, прелистување на старите лекции, ниту пак за вложување на преголема енергија.

Наместо тоа, ви предлагаме 10 обични и секојдневни навики кои по краток период се докажале како голем плус за зголемување на личната интелигенција.

Започнете уште денес!

1. Паметно распоредувајте го времето кое го поминувате онлајн

Секоја интернет пауза не мора да биде посветена на социјалните мрежи или за „разубавување на денот“ со фотографии од слатки животинчиња. Смешните 5 минутни видеа заменете ги со кратки поучни фрази, цитати и приказни. Разликата ќе ја забележите по само неколку дена.

2. Запишувајте го она што ќе го научите

Не мора да биде убаво напишано или долго, важно е да одвоите 5 минути и да ги извлечете главните поуки од тековниот ден.

3. Составете листа од работите кои сте ги направиле

Интелигенцијата е резултат на самодовербата и среќата, па поттикнете ги овие две особини така што ќе ги запишете успесите кои сте ги постигнале. Оваа листа ќе ве исполни и расположи, затоа што точно ќе знаете колку продуктивен ден сте имале.

4. Не заборавајте да играте игри

Сложувалките, шахот и игрите со составување на зборови не се само забавни, тие се одличен начин да го размрдате мозокот. Секој ден поставувајте си нови предизвици кои ќе ве одморат од обврските на паметен начин.

5. Дружете се со паметни луѓе

На почетокот може да биде по малку напорно, но дружбата со интелигентни луѓе е најбрз начин и вие да се здобиете со истата карактеристика. Запаметете дека вашиот IQ е просек од вашите 5 најблиски пријатели со кои секојдневно се дружите.

10-sekojdnevni-naviki-koi-ja-zgolemuvaat-inteligencijata-02.jpg

6. Читајте

Можеби не е некој новост, но вреди да се запамети. Имате огромен број на опции, па жалосно би било да не изберете ниту една од понудените. Така, одлучете се за дневни или неделни списанија, романи или трилери, фиктивни приказни или реални животни приказни - сеедно. На вашиот мозок му е потребен секој збор, секој знак, секој ред.

7. Објаснете им ги вашите мисли на другите

„Ако не можете да го објасните едноставно, тогаш не сте го разбрале доволно добро,“ рекол Ајнштајн. И бил во право! Затоа, погрижете се научените работи да ги пренесете на наједноставен можен начин.

8. Испробувајте нови, спонтани нешта

Доволно е да верувате во себе за да испробате нови работи. Верувајте и во тоа дека сегашните точки во иднина ќе се поврзат со вашите понатамошни искуства и ќе ги надградат - само така ќе успеете во она што сте го замислиле.

„Не можете да ги поврзете точките гледајќи нанапред; тоа можете да го направите само ако се завртите наназад. Така, ќе мора да верувате дека моменталните точки ќе се поврзат како што треба во иднина.“ Ова е единственото животно мото кое ќе ви дозволи да растете ментално!

9. Научете нов јазик

Не мора никаде да брзате, ниту да ги одбирате стандардните и лесни јазици. Одберете си нов предизвик, одберете си нова култура која ќе ја проучувате. Притоа, не мора да давате пари ако во моментот немате - користете бесплатни сајтови кои нудат онлајн курсеви. Сега барем тоа е лесно.

10. Дајте си време за процесирање на работите

Дајте си неколку слободни минути, седете во тишина и оставете ги мислите сами да течат. Од тие „внатрешни разговори“ најчесто произлегуваат најдобрите одлуки. А добри одлуки носат само интелигентните луѓе.

Би можело да ве интересира:

8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
14 навики кои ни даваат сила и енергија во животот Запознаваме нови луѓе. Ги надминуваме своите стравови. Минуваме време со луѓе ко...
9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg