7 Работи кои не треба да ги правите кога сте лути или нервозни

Луѓето веруваат дека лутината не е ништо повеќе од слабост. Сите сме се нашле во чувството на нервоза и сме донеле илјадници одлуки за кои подоцна сме зажалиле...

7-raboti-koi-ne-treba-da-gi-pravite-koga-ste-luti-ili-nervozni-1

Најважно од сѐ е да бидете трпеливи и со мислите да се вратите назад во ситуацијата која ве навела на оваа состојба.

Земете ги работите во свои раце, контролирајте ја лутината и не си го дозволувајте следново:

1. Не пишувајте на социјалните мрежи

Не морате да го известувате целиот свет дека сте нервозни или лути, ниту пак да ја споделувате својата приватност со луѓе кои не ни сакаат да знаат. Со изливите на стрес и нервоза на социјалните мрежи вие стекнувате негативна репутација и слика кај останатите луѓе. Размислете пред да напишете било што.

2. Не донесувајте одлуки

Кога донесувате одлука во миговите на нервоза и лутина, вашите чувства се измешани и не размислувате трезвено. Прво вратете ги чувствата и мислите во нормала, координирајте ги и контролирајте ги, а потоа управувајте со нив онака како што сакате. Повлечете линија помеѓу емоциите и одговорностите.

3. Не ги обвинувајте другите

Можеби не забележувате, но кога сте нервозни обично бесот го исфрлувате на другите околу вас. На тој начин, вие само ги оттргнувате и навредувате луѓето кои ги сакате од себе. Најдобро е да се тргнете на страна, излезете прошетајте и дишете длабоко.

4. Не влегувајте во автомобил

Најлошо е да се управува со автомобил или друго превозно средство за време на нервоза и лутина. Истражувањата покажале дека агресивните луѓе зад волан се повеќе изложени на ризикот да имаат сообраќајна несреќа за разлика од останатите учесници во сообраќајот.

7-raboti-koi-ne-treba-da-gi-pravite-koga-ste-luti-ili-nervozni-2

5. Не раскажувајте секому

Нормално е да кажете како се чувствувате, да побарате совет, но правете го тоа со луѓе на кои им верувате. Колку помалку луѓе знаат за вашите проблеми, толку подобро.

6. Лоши навики

Не морате веднаш да запалите цигара, ако сте ги оставиле подолго време или да се напиете чаша алкохол само ако сте нервозни. Постојат поздрави начини за да го решите бесот. Наместо да им се враќате на пороците, правете некоја физичка активност.

7. Социјализација

Најдобро е за време на бесот и лутината да се држите на дистанца од луѓето, бидејќи во тие моменти не можеме да оствариме контакт ниту да се забавуваме.

Како вие се справувате со бесот?

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...
8 сурови вистини од кои ќе научите многу за животот Ако не се борите за тоа што го сакате, не треба да плачете за тоа што ќе го изгу...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg