Двојничката на Џенифер Лопез во XL големина

Приказната за успехот на овој модел со облини е прекрасен пример како упорноста во животот се исплати. Денес Denise е споредувана со најголемата латино ѕвезда, но во XL пропорции.

dvojnickata-na-jennifer-lopez-vo-xl-golemina-01.jpg

Кога Denise Bidot имала 18 години ги спакувала своите куфери и тргнала во Лос Анџелес со желба да стане актерка.

„Одев на аудиции, но сите ми велеа: Ох, прекрасна си, но би можела ли да ослабеш 10тина килограми?“ се сеќава Denise.

Таа започнала да се сомнева во своите одлуки и изглед. Но, иако можела да започне ригорозна диета и да и се препушти на депресијата, одлучила да ги прилагоди своите желби со можностите.

Тогаш запишала училиште за визажисти. И токму тогаш, додека работела како шминкерка, и било упатено прашањето кое никогаш не го очекувала. Фотографот ја запрашал дали некогаш размислувала за моделинг.

Така, сега оваа 26-годишна девојка е еден од најбараните модели со облини која снимила повеќе десетици модни едиторијали.

„Смешно е, но моделингот е сон кој не сум ни знаела дека го имам.“

Оваа прекрасна латино дама, која е често споредувана со извонредната Џеј Ло заради изгледот на ликот, вели дека се чувствува почестено.

На престижната модна недела во Њујорк Denise ќе прошета во plus size линијата на Серена Вилијамс за HSN.

Би можело да ве интересира:

10-те најстари родилки во светот (некои имаат и над 70 години) Ерамати Мангама е најстарата родилка во светот која доби дете, односно близнаци,...
Пар наместо дете посвоил возрасна жена со џуџест раст, која сакала да ги убие - Бизарниот случај на ... Кога маж и жена ја посвоиле Наталија Грејс во 2010-та, тие мислеле дека таа е 6-...
Самоубиство, предозирање, убиство: Деца генијалци чии животи завршиле трагично Програмерскиот гениј Арон Шварц изврши самоубиство на само 26 години, додека ист...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
8 типично машки работи кои и жените ги користат со задоволство Широки палта со многу џебови, едноставни машки маички... Знаете ли кои предмети ...
Колку се променил изгледот на супермоделите низ годините? Додека во минатото моделите изгледаа дури и анорексично, денес им се дава предно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg