8 трикови за кои не сте знаеле: Сода бикарбоната ја уништува смрдеата од патиките

Ако ве мачат дамките на чевлите или непријатниот мирис на тренеркатаод кој никако не можете да се ослободите. Научете неколку трикови со чија помош вашата облека и чевли ќе бидат како нови. Сето тоа може да го направите и со работите кои веќе ги имате дома.

8-trikovi-koi-ne-ste-gi-znaele-soda-bikarbonata-ja-unistuva-smrdeata-od-patikite-01

1. Дамки на антилоп чевли

Единствено што ви треба е турпија за нокти со која нежно ќе стругате врз дамката.

2. Изгребани лаковани чевли

Гребнатинките на лакованите чевли најлесно ќе ги направите помалку видливи со помош на вазелин. За дополнителен сјај испрскајте ги со средство за стакло.

3. Дамки од вода на кожните чизми

Најлесно може да ги отстраните си оцет и со четкичка за заби која ќе ја истриете полека.

4. Патики кои смрдат

Ако патиките ви мирисаат непријатно, посипете им ја внатрешноста со сода бикарбона која ќе ја впие миризбата.

5. Разлабавени очила за сонце

Ако ви се разлабавени очилата само премачкајте ги со безбоен лак за нокти штрафчињата на кои се држат рамките.

6. Заглавен патент

На сите им се случило барем еднаш да им се заглави патентот. Намачкајте го со вазелин и веднаш ќе се отпушти.

7. Фармерки кои мирисаат непријатно

Ако фармерките непријатно мирисаат ставете ги во кеса, па во замрзнувач кој ќе ги извлече бактериите задолжени за непријатниот мирис.

8. Тренерка која мириса непријатни

Најлесен начин да ја извлечете миризбата е да ја испрскате нежно со водка.

Погледнете го видеото:

Би можело да ве интересира:

Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
7 бон-тон правила за во ресторан и на свечени настани Ако сте на свечен настан со шведска маса, едната рака секогаш нека ви биде слобо...
„Губење“ време и уште 9 работи што сите треба да ги правиме почесто Денес, кога сè околу нас се случува пребрзо и неретко немаме ни време да здивнем...
Зелен чај против лош мирис и уште 6 трикови со кои чевлите ќе ви бидат удобни и ќе личат на нови Долгото одење или стоење во салонки не е секогаш пријатно. По некое време п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg