Нурнете во најдлабокиот базен, ако имате доволно воздух (видео)

Базенот Немо 33 важи за еден од најдлабоките затворени базени во светот и се наоѓа во Брисел. Токму ова е рајот за сите љубители на нуркањето, а за почетниците се нудат часови за учење на овој подводен спорт.

nurnete-vo-najdlabokiot-bazen-ako-imate-dovolno-vozduh-video-01.jpg

Длабочината на базенот Немо изнесува 34,5 метри и е наполнет со 2.500.000 литри филтрирана вода, без хлор, која се одржува на околу 30 степени.

Интересно е тоа што во него има подводни пештери кои се наоѓаат на околу 10 метри длабочина.

Заради топлината на базенот нуркачите можат да се задржат во длабочините подолг временски период без опрема за нуркање.

Сите оние кои сакаат да ја искусат оваа атракција, мораат да имаат повеќе од 12 години, да бидат здрави и да имаат соодветен сертификат, но и да бидат под надзор на тренер.

nurnete-vo-najdlabokiot-bazen-ako-imate-dovolno-vozduh-video-02.jpg

Комплексот Немо 33 покрај основната намена, содржи и ресторан, книжара, продавница за сувенири и нуркачка опрема, како и други активности на вода.

Сите оние кои сакаат да го посетат базенот можат да резервираат термини во текот на целата година.

Како би изгледало ова искуство од близу? Погледнете:

Би можело да ве интересира:

Жените го имаат главниот збор, мажите го земаат нивното презимe: Интересни факти за племето Кхаси од... Мажот во куќата доаѓа како домазет, целиот имот останува на најмалата ќерка, а а...
Самоубиство, предозирање, убиство: Деца генијалци чии животи завршиле трагично Програмерскиот гениј Арон Шварц изврши самоубиство на само 26 години, додека ист...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Пар наместо дете посвоил возрасна жена со џуџест раст, која сакала да ги убие - Бизарниот случај на ... Кога маж и жена ја посвоиле Наталија Грејс во 2010-та, тие мислеле дека таа е 6-...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg