Знаете ли зошто во цртаните на Дизни никогаш не се појавуваат мајки?

Без оглед на тоа дали имате дечиња или не, сигурно сте изгледале барем еден од многубројните цртани на Дизни во кои доброто го победува секое зло.

znaete-li-zosto-vo-crtanite-na-dizni-nikogas-ne-se-pojavuvaat-majki-01.jpg

Но, дали забележавте дека во ниту еден од овие цртани мајките немаат важни улоги?

Don Hahn, извршниот продуцент на хит филмот Maleficent со Анџелина Џоли во главната улога, во најновото интервју за магазинот Glamour откри дека постојат најмалку 2 причини зошто мајките не се појавуваат во цртаните на Дизни.

Првата, како што тој вели, е затоа што цртаните траат од 80 до 90 минути, а во нив најчесто се работи за растењето на детето, за моментот кога детето сфаќа дека самото мора да преземе одговорност.

Еден од примерите е цртанот Кралот Лав во кој Симба си заминува од дома, но се враќа како би го спасил домот. Во тој процес нема премногу простор за родителите, затоа што ликот мора да порасне.

Втората причина која ја наведува Hahn е трагичната смрт на мајката на Волт Дизни, па се смета дека оваа улога е често избегнувана од лични причини.

Мајката на Волт Дизни починала во куќата која тој им ја купил на родителите, па затоа што никогаш не зборувал за оваа трагедија, очигледно таа се одразила врз неговата работа.

Би можело да ве интересира:

8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg