13 причини заради кои бринетите се подобри од русокосите

Битката помеѓу бринетите и русокосите изгледа е завршена, затоа што бринетите едноставно се подобри! Ова се 13-те најиздржани аргументи зошто:

13-pricini-zaradi-koi-brinetite-se-podobri-od-rusokosite-01.jpg

1. Поатрактивни се - Темната коса на секој му стои подобро, и тука нема што да се додаде.

2. Речиси сè им стои - За бринетите изборот на облека е полесен, затоа што која боја и да ја облечат им стои одлично. Замислете русокоса во пастелна или жолта боја... Едноставно не оди.

3. Нема вицеви за нив - Нема причина заради која би се навредила нивната интелигенција.

4. Не се мачат воопшто за изгледот на косата - Бринетите никогаш нема да се загрижат ако косата им пораснала 1 сантиметар преку ноќ, што кај русокосите изгледа малку неубаво. Кој сака русокоса со корен на бринета?

5. Голема доза сексапил - Спротивно од општото мислење, да бидеш русокоса не значи да бидеш посебно сексапилна или забавна.

13-pricini-zaradi-koi-brinetite-se-podobri-od-rusokosite-02.jpg

6. Не се површни - За разлика од многу русокоси кои се всушност, лажни.

7. Сè им е дозволено - Бринетите можат да си дозволат да се опуштат и да уживаат во животот, што не им прилега на русокосите „ледени кралици.“

8. Имаат личност - Бринетите мора да го имаат „она нешто“ за да освојат, затоа што не се потпираат на русата, испеглана коса.

9. Косата им сјае - Едноставно, имаат подобар квалитет и мирис на косата затоа што не користат средства за горење и избелување на влакното.

10. Изгледаат попаметно - Има нешто во бринетите и црнките, заради што изгледаат поинтелигентно.

13-pricini-zaradi-koi-brinetite-se-podobri-od-rusokosite-03.jpg

11. Мажите обожаваат бринети - Колку и да мислевте дека „паѓаат“ на русокоси, мажите кои избираат квалитет, а не изглед, избираат девојки со темна коса.

12. Животот не им се врти околу бојата на косата - Бринетите никогаш не се преокупирани со нивната коса, одењето на фризер или скапите фарби кои чинат многу пари.

13. Не мислат дека се подобри - За разлика од русокосите, бринетите не шетаат наоколу со реченицата „подобро е да си бринета!“

Би можело да ве интересира:

Жените го имаат главниот збор, мажите го земаат нивното презимe: Интересни факти за племето Кхаси од... Мажот во куќата доаѓа како домазет, целиот имот останува на најмалата ќерка, а а...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Девојчињата ги мажат на 13 години, жените немаат никакви права - Бизарните обичаи на народот Масаи Жените во ова племе служат за градење куќи и одгледување деца и стока, кога не с...
Жените се грижат за парите, си го тетовираат лицето: Факти за племето Рабари од Индија Жените во ова племе го имаат главниот збор што се однесува до финасиите. Мажите ...
5 потсетници кои ќе ви помогнат полесно да ги прифатите големите (и неизбежни) животни промени Не заборавајте дека промените ни помагаат да созрееме, но и дека секогаш ни носа...
Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg