Заштитете се од емоционална манипулација

Емоционалната манипулација е еден од најчестите видови на манипулирање со луѓето, а најмногу е распространета во модерното друштво.

zastitete-se-od-emocionalna-manipulacija-1

Целта од користењето на овој вид манипулација е остварување на желба на личноста, која се нарекува емоционален манипулатор.

Понекогаш е многу тешко истите да се препознаат, но овие неколку начини ќе ви помогнат да се заштитите од емоционалните манипулатори:

Немате потреба да бидете искрени со емоционален манипулатор

На пример, кога оваа личност ќе заборави на вашиот роденден и воопшто нема да ви прати ниту порака, ќе се извини на следниот начин:

„Навистина ми е жал што помисли дека сум заборавил/а на твојот роденден, но јас сум виновен/а, требаше да ти кажам дека моментално сум под огромен стрес. Можеби треба целиот тој стрес да го потиснам во себе и да се фокусирам на твојот роденден, но не сакав ниту тебе да те загрижувам. Извини...”

zastitete-se-od-emocionalna-manipulacija-2-

Вашата интуиција веројатно ќе ве предупреди дека не треба да и верувате на оваа личност, но сепак на крај не ви преостанува друго ништо. Сепак внимавајте, доколку го прифатите ова сценарио, емоционалниот манипулатор ќе сфати дека истото може да го користи како успешна метода.


Личноста се претставува како некој кој сака да помогне

Оваа личност игра улога на човек кој секогаш е тука за вас кога ќе ви треба. На почеток оваа личност ќе ви изгледа одлично, но внимавајте бидејќи кога-тогаш ќе направи потег за да го исполни тоа што таа го сака од вас.

Емоционалниот манипулатор иако се труди да помогне, сепак тој сака само вие да имате потреба од него, а штом тоа го забележите тогаш вие ќе бидете тие кои се „неразумни”, бидејќи во тој момент оваа личност емоционално ве манипулира.

zastitete-se-od-emocionalna-manipulacija-3

Нема чувство за одговорност

Емоционалните манипулатори не преземаат одговорност за своите постапки и секогаш ја вртат ситуацијата во своја корист.

Оваа личност сака да ја видите во ранлива ситуација, односно емоционално повредена, но всушност манипулаторите имаат толку големо его што никогаш не би се почувствувале ранливи.

Најдобриот начин да се изборите против оваа нивна игра е да ги препознаете рано и да престанете да им бидете еден вид на публика.


Кажуваат нешто, а потоа ве уверуваат дека тоа никогаш не го изговориле

Ако константно се чувствувате како да имате слаба меморија, бидејќи се сеќавате на една работа, а емоционалниот манипулатор ви упатува на друга, бидете внимателни.

Луѓето кои „докторирале” како емоционални манипулатори се вистински експерти во смислување оправдување за своите постапки. Тие се толку убедливи што ќе помислите дека нешто не е во ред со вас, а за да успешно се изборите со нив имајте секогаш сведоци.

zastitete-se-od-emocionalna-manipulacija-4

Најдобро би било со оваа личност да комуницирате во присуство на трета личност или снимајте го она што ви го зборува, во случај да станува збор за работа од која зависите вие или некој друг. Секогаш имајте докази и слушајте внимателно што и како ви зборува емоционалниот манипулатор.

Дали се опкружени со емоционални манипулатори? Знаете ли како да ги препознаете? 

Би можело да ве интересира:

8 сурови вистини од кои ќе научите многу за животот Ако не се борите за тоа што го сакате, не треба да плачете за тоа што ќе го изгу...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
10 психолошки трикови што ќе ви се најдат во секојдневието „Ако го прашате вашето дете дали сака млеко, најверојатно ќе ви рече не. Но, ако...
Навики на луѓето кои мудро ги трошат парите (и затоа се богати), низ илустрации Од мали нозе научиле дека нема потреба да трошат пари на храна што само ќе стои ...
„Никогаш не се откажувајте од никого, чуда се случуваат секој ден“: 20 животни лекции од 80-годишен ... „Позајмувајте само книги што не ви се важни“, „Размислете двапати пред да го опт...
Верувате ли дека ангел чувар нѐ следи насекаде? Знаци дека е во близина и ве чува Некои луѓе веруваат дека нивниот ангел чувар е духовно суштество кое работи за н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg