Сама против сите: 17 карактеристики на жена која не се плаши да биде единствена

Живееме во време кога се идеализираат погрешни работи, кога жените сѐ повеќе личат една на друга и во време кога да бидеш оригинален е вистинска уметност.

sama-protiv-sebe-karakteristki-na-zena-koja-ne-se-plasi-da-bide-edinstvena-1

Уникатните жени се ретки, бидејќи да се биде единствен потребно е многу храброст и самоувереност.

Тогаш, што прават уникатните жени поинаку од останатите?

1. Тие не се плашат гласно да го кажат своето мислење, иако тоа се разликува од мислењето на другите.

2. Го слушаат својот внатрешен инстинкт.

3. Тие се гордеат на себе и на фактот дека се разликуваат од другите.

4. Со помош на сопствените искуства, им помагаат на пријателите и познаниците да се откријат себе.

5. Разговараат за важни работи и се држат што подалеку од озборувања.

6. Веруваат во себе, не се плашат од ништо и се совршено среќни дури и кога се сами.

sama-protiv-sebe-karakteristki-na-zena-koja-ne-se-plasi-da-bide-edinstvena-2

7. Повеќе ги вреднуваат личните искуства од материјалните работи.

8. Секогаш го извлекуваат најдоброто од ситуацијата.

9. Никогаш не им судат на луѓето врз основа на нивниот изглед или начин на однесување. Сметаат дека секоја личност поседува нешто добро и позитивно.

10. Не зборуваат премногу, бидејќи енергијата ја чуваат за важни работи.

11. Во состојба се да ги сослушуваат другите со часови и се фасцинираат од богатството кое поединците го носат во себе.

12. Никогаш не се жалат и преземат потполна одговорност над својот живот.

sama-protiv-sebe-karakteristki-na-zena-koja-ne-se-plasi-da-bide-edinstvena-3

13. Не се нервираат заради фактот дека некому не се допаднале. Сметаат дека секој има право на свое мислење.

14. Тие ја гледаат убавината и совршенството во работи кои другите и не ги забележуваат.

15. Не се дружат со луѓе кои шират негативна енергија.

16. Тие го гледаат единството и поврзаноста на сите животни битија.

17. Овие жени, живеат во сегашноста, учат од минатото и се радуваат на иднината!

Се препознавте ли во некои од овие карактеристики?

Би можело да ве интересира:

9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg