7 принципи на ледената кралица Викторија Бекам до кои треба да се придржува секоја жена

Таа е мајка, сопруга и успешна жена во светот на модата, а принципите до кои се придржува како би го постигнала сето тоа треба да се најдат повисоко и на вашата листа на приоритети.

7-principi-na-ledenata-kralica-viktorija-bekam-do-koi-treba-da-se-pridrzuva-sekoja-zena-01.jpg

На многумина им е студена, одбивна и лута, но постојат неколку факти во врска со Викторија кои се вредни за почит.

Во време кога ѕвездите секојдневно пропагираат погрешни вредности, Викторија Бекам е жената која не си дозволува ниту еден погрешен чекор.

1. Не се плаши од промени

Викторија е од оние жени кои не се плашат од промени. Кога реши да стави точка на пејачката кариера и да се сврти кон модата, многумина се сомневаа во оваа одлука. Меѓутоа, погледнете каде е денес. Од член на женски бенд, до дизајнерка - понекогаш е потребно само да го промените правецот на движење.

2. Семејството на прво место

Во времето кога браковите на познатите едвај опстануваат, Викторија и Дејвид се заедно точно 15 години. Плус, израснаа 4 дечиња, трудејќи се да не претераат со нивното јавно изложување.

3. Дама без скандал

Откако постои Викторија Бекам, нејзиното име не е поврзано со ниту еден скандал. Таа и Дејвид се посветени на семејството и кариерата. Нивните имиња никогаш не се поврзувале со пијанства, изневерувања или пороци.

7-principi-na-ledenata-kralica-viktorija-bekam-do-koi-treba-da-se-pridrzuva-sekoja-zena-03.jpg

4. Беспрекорно стилизирана

Оваа мајка на 4 деца знае што да одбере кога се работи за облека и стил. Изгледа дека нејзиното главно правило е „помалку е повеќе.“ Се облекува пристојно за години, дише со самодоверба и шири цврст став.

5. Знае како да заработи и успешна е во она што го прави

Само што зачекори во светот на модата, Викторија заработи милиони. Во 2012-та година нејзината заработка беше проценета на 25 милиони, а заедно со Дејвид годишно заработуваат и по 200 милиони долари. Импреесивно!

6. Упорноста се исплати

Промената на кариерата е цел која ретко кој ќе си ја постави, но Викторија дефинитивно не спаѓа во таа група. Наместо тоа, оваа жена знаеше како да се бори без подлегнување на негативните коментари. Оние кои не веруваа во нејзиниот успех, сега може само да го посакуваат истиот.

7. Голем хуманитарец

Викторија ужива во подарувањето облека и парични средства во хуманитарни цели. Активно работи на подигнување на свеста за помош кон другите луѓе. Верува дека тоа е вистинскиот начин на живот кој треба сите да го усвоиме.

7-principi-na-ledenata-kralica-viktorija-bekam-do-koi-treba-da-se-pridrzuva-sekoja-zena-02.jpg

Би можело да ве интересира:

9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
5 работи кои често ги купуваме, а кои (реално) не ни се потребни Денес се многу популарни справите за вежбање кои се користат дома. Ги гледа...
10-те најстари родилки во светот (некои имаат и над 70 години) Ерамати Мангама е најстарата родилка во светот која доби дете, односно близнаци,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg