Шминката не ја прави жената убава и сексапилна, туку нешто сосема друго...

Многу жени сметаат дека клучот на убавината се наоѓа во чантата преполна со шминки.

sminkata-ne-ja-ravi-zenata-ubava-i-seksapilna-tuku-nesto-sosema-drugo-1

Главните виновници за овие предрасуди се поп културата и масовните медиуми, кои сметаат дека една жена мора да е убаво нашминкана и скапо дотерана за да биде сексапилна.

Но, овие 7 фактори го докажуваат спротивното и создаваат подобар впечаток од било која количина на шминка:

1. Страст

Жената без страст е здодевна, а овие денови некако е тешко да се пронајде време за работите кои донесуваат радост. Но, кога жената ќе го занемари она што ја прави среќна, таа започнува да живее живот без страст.

Кога набљудувате некој кој ги следи своите соништа и ужива во прекрасни искуства, тогаш тоа се префрлува и на вас, па и вие ја посакувате таа страст. Токму и затоа, жените кои поседуваат страст се посакувани.


2. Чувства и емоции

Ладнокрвната жена може да се сака себеси, но тогаш кој би ја сакал неа? Ако жената не е во состојба да има чувства кон другите, тогаш таа не е во можност да добие чувства однадвор. Жената која знае како да даде и прими љубов е далеку попосакувана од жената која нема чувства.


3. Ум

Во нашата култура, еден од најпопуларните митови е дека убавата жена не е паметна. Тој стереотип ги осудува жените бидејќи од тоа произлегува дека паметната жена не е убава. Сепак, знаењето е моќно и секси, а потрагата за истото не само што е атрактивна туку и е важна за нашето постоење.

sminkata-ne-ja-ravi-zenata-ubava-i-seksapilna-tuku-nesto-sosema-drugo-2

4. Забава

Смислата за авантура е попривлечна од робување на рутините и земањето на животните прилики здраво за готово. Ако жената не е во состојба да се опушти, зарем некој би сакал да биде во нејзина близина?


5. Упорност

Ништо не е по привлечно од жена која одбива да се откаже. Не станува збор за контрола, туку уверување дека во животот треба да се борите, а не туку така да се откажувате.


6. Самодоверба

Не станува збор за тоа сите да ве забележат штом ќе пристигнете, туку да бидете горди на вашиот изглед, говор, мисли. На жените со самодоверба не им се потребни туѓите мислења и комплименти за да се чувствуваат подобро.


7. Енергија

Жената која што ужива во животот поседува виталност и енергија. Кога таа ја следи својата страст, покажува чувство, трага по знаење, има смисла за авантура, не се откажува и е горда на себе. Нејзината енергија ќе биде искра која осветлува сѐ наоколу. 

Би можело да ве интересира:

10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
7 бон-тон правила за во ресторан и на свечени настани Ако сте на свечен настан со шведска маса, едната рака секогаш нека ви биде слобо...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10-те најстари родилки во светот (некои имаат и над 70 години) Ерамати Мангама е најстарата родилка во светот која доби дете, односно близнаци,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg