Едноставни постапки со кои ќе направите другите да се чувствуваат посебно

Се сеќавате колку ви беше убаво кога се чувствувавте посебно, важно, ценето? Зошто денес да не ги натерате вашите блиски да се чувствуваат исто? Потребни ви се едноставни идеи и посветена реализација на истите...

ednostavni-nacini-na-koi-mozete-da-napravite-drugite-da-se-cuvstvuvaat-posebno-01.jpg

Во времето кога Фејсбук фотографиите и Твитер мислите се начин на кој луѓето ги искажуваат чувствата, како да останете доследни, оригинални и искрени на вашите пријателства и врски?

Имаме најмалку 10 идеи кои можете да ги искористите уште денес:

1. Згответе им ја омилената храна

Ако се разбудите до момчето, послужете му го омилениот појадок. Ако одите на кафе со пријателите, подарете им едно пакетче од нивните омилени чоколади. Или пак, повикајте го целото семејство на домашно зготвен специјалитет... Нема ништо посреќно и повкусно од омилената храна!


2. Изненадете ги со подарок

Не бирајте скапи подароци, одберете предмети во кои ќе ги препознаете вашите блиски. Подарокот нека биде симбол на мислата која ви поминала во моментот, љубовта која ја чувствувате и среќата која ја делите секојдневно со таа личност.


3. Учете нешто ново, заедно

Нова фитнес вежба, јога позиција, нов јазик, нов рецепт... Било што! Важно е да ги усовршите вашите вештини истовремено.


4. Изненадете ги со топло чоколадо или цвеќе

Замислете си ги емоциите кои ќе ги разбудите со само една шолја слатко задоволство од кое мириса целата соба или букетот кој ќе внесе свежина и боја во новиот ден. Секоја порака со зборовите „Те сакам“ е бонус!

ednostavni-nacini-na-koi-mozete-da-napravite-drugite-da-se-cuvstvuvaat-posebno-02.jpg

5. Напишете им порака

И подметнете им ја, како кога бевте деца. Во чанта, во џеб, во паричник... Замотајте едно мало чоколатце во хартија на која ќе пишува „Те сакам“ или „Мислам на тебе“ и направете им го овој ден посебен.


6. Кажете им што ви се допаѓа кај нив

Нека биде нешто едноставно. Како изговараат некој збор, како ја носат блузата која вие сте им ја купиле или како несвесно танцуваат додека заразно потпевнуваат... Тоа се оние зборови кои значат цело богатство!


7. Испланирајте заедничка авантура

Кратка екскурзија, излет или посета на омиленото место може значително да ви го подобри денот. Посебно ако поканата или билетот „пристигне“ по пошта, рачно испишан, со неколку таинствено најавени изненадувања.


8. Научете го нивниот љубовен јазик

Откријте дали вашите пријатели или вашиот партнер/ка се чувствува најубаво и најсакано кога ќе добие прегратка, бакнеж, комплимент или можеби подарок. Само прашајте ги, директно и искрено.

ednostavni-nacini-na-koi-mozete-da-napravite-drugite-da-se-cuvstvuvaat-posebno-03.jpg

9. Посветете им големо внимание

Оставете го телефонот на страна и заборавете на работата како тема за разговор. Кога сте заедно, посветете им се нив и воспоставете контакт со очите. Активирајте ги ушите и за момент замолчете. Дури тогаш ќе направите да се чувствуваат единствено, посебно.


10. Кажете им како се чувствувате

Едноставно кажете им колку ги сакате. Не користете големи реченици, зборови и епитети, само кажете го она што го имате на ум.

Најдоброто од сè? Правете ги овие работи спонтано, неочекувано, а сепак почесто.

Би можело да ве интересира:

„Губење“ време и уште 9 работи што сите треба да ги правиме почесто Денес, кога сè околу нас се случува пребрзо и неретко немаме ни време да здивнем...
12 трикови што треба да ги знаете – ќе ви го олеснат секојдневието За да не ви се „распадне“ кашкавалот додека го рендате, прво ставете го во замрз...
Непријатни промени што мора да ги направите во 20-тите години ако сакате исполнет живот Сите се свесни дека ако сакат да си го подобрат животот, мора да направат некои ...
7 бон-тон правила за во ресторан и на свечени настани Ако сте на свечен настан со шведска маса, едната рака секогаш нека ви биде слобо...
Кул трикови што ќе ви се најдат кога престојувате хотел Испеглајте ја облеката со пареа во бањата, а доколку треба да исперете нешто во ...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg