3-годишно слепо детенце е новиот музички гениј (видео)

Малиот Бранко Дворецки е 3-годишно момче кое живее во село близу Братислава, а е роден слеп и со неверојатен талент за музика.

3-godisno-slepo-detence-e-noviot-muzicki-genij-video-01.jpg

Уште на 2-годишна возраст Бранко изразил големо интересирање за свирење по слух следејќи ја музиката од омилениот цртан филм, а само 1 година подоцна изведува музички класици како што се „Тристан и Изолда“ и „Лебедово езеро.“

Интересно е што никогаш не посетил ниту еден час за свирење клавир.

Неговата мајка Елена раскажува како Бранко е нејзиниот Божји дар.

„Кога дознав дека е слеп бев многу тажна и по малку лута на судбината. Сега разбирам дека тој е богатство. Кога беше бебе сакаше да си игра со музички играчки и често пати го допираше стариот синтисајзер. Му се допадна класичната музика толку многу што почна да ги учи и нотите. Тој сега слабо зборува, но знае да го отсвири Бах.“

Таткото на Бранко учел да свири на клавир цели 10 години, но неговиот самоук син на само 3 години е многу подобар од него.

„Неверојатно е што никој не го учеше. Штом започна да свири, знаеше каде се наоѓа секоја нота. Понекогаш греши, но веќе е подобар од мене.“

Ова се само дел од изведбите на генијалниот Бранко:

Би можело да ве интересира:

Самоубиство, предозирање, убиство: Деца генијалци чии животи завршиле трагично Програмерскиот гениј Арон Шварц изврши самоубиство на само 26 години, додека ист...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
Добил смртна казна на 16 години, мислел дека е 500-годишен вампир – Бизарниот случај на Род и негови... На 16 години, Род од САД станал лидер на култ и ги убедувал членовите дека самио...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Пар наместо дете посвоил возрасна жена со џуџест раст, која сакала да ги убие - Бизарниот случај на ... Кога маж и жена ја посвоиле Наталија Грејс во 2010-та, тие мислеле дека таа е 6-...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg