Ќелави - криминалци, тетовирани - наркомани, до кога со предрасуди?

Колку пати досега сте помислиле за некој ќелав и мускулест маж дека сигурно бил во затвор, или некој тетовиран со долга коса дека се дрогира?

kelavi-kriminalci-tetovirani-narkomani-do-koga-so-predrasudi-01.fw

Сте размислиле ли некогаш дека можеби само им се допаѓа таквиот имиџ, исто како што вам ви се допаѓаат кошулите?

Сте помислиле ли дека воопшто не го познавате тој човек и дека можеби е доктор кој утре ќе ви го спаси животот, но кога не ја носи униформата му се гледа тетоважата на рамото?

Потсетете се само на металците со долги коси кои ги донираа за децата болни од рак.

kelavi-kriminalci-tetovirani-narkomani-do-koga-so-predrasudi-1.jpg

Но, не се само „лошите“ ликови на тапет низ градот.

На другата страна од крајностите, момците кои се секогаш убаво и уредно облечени или имаат некој впечатлив моден детаљ, веднаш се обележани како хомосексуалци.

Никој не помислува дека сакаат да имаат добар стил и да се во чекор со машката мода.

Некој 20-годишен вози убав автомобил и веднаш му се лепи етикетата „татин син“. Веднаш следат завидливите коментари од типот: „Се прави фраер со автомобилот на татко му, кај може тој да го купи?“

Што ако тој летните одмори наместо на плажа ги користел за работа во странство, што ако работи и студира истовремено, или не ги троши парите на кафиња и дискотеки, туку ги штеди за тој автомобил?

kelavi-kriminalci-tetovirani-narkomani-do-koga-so-predrasudi-2.jpeg

Сите овие предрасуди се дел од нашето општество, останати уште многу одамна. Според психолозите тие се јавуваат како последица од некои стравови или наметнати мислења и асоцијации кои се пренесени.

Она што е најстрашно е дека вистинските криминалци, наркомани, педофили, крадци изгледаат сосема нормално, според општествените норми, целосно се вклопуваат во вообичаената слика на луѓето, па многу тешко се препознаваат. Со тоа претставуваат многу поголема опасност од тетовираните, ќелавите или разгалените.

Пред да осудите некого, мора прво да го познавате. Најголемата грешка во предрасудите е тоа што ги избегнувате и етикетирате луѓето кои може да бидат и подобри и попаметни од многу други, без разлика како изгледаат.

Каков е вашиот став? Имате ли предрасуди?

Би можело да ве интересира:

Жените го имаат главниот збор, мажите го земаат нивното презимe: Интересни факти за племето Кхаси од... Мажот во куќата доаѓа како домазет, целиот имот останува на најмалата ќерка, а а...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
8 сурови вистини од кои ќе научите многу за животот Ако не се борите за тоа што го сакате, не треба да плачете за тоа што ќе го изгу...
7 бон-тон правила за во ресторан и на свечени настани Ако сте на свечен настан со шведска маса, едната рака секогаш нека ви биде слобо...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg