10 работи кои стануваат неважни кога ќе наполните 25 години

Животот и мислењата се менуваат секојдневно, па ако се прашувате како 25-та година ќе ви го промени животот, откријте во продолжение.

10-raboti-koi-stanuvaat-nevazni-koga-ke-napolnite-25-godini-01.jpg

Ова се работите за кои ќе престанете да се грижите, штом наполните 25 години:

1. Колку бевте популарни во средно

Ако некогаш се дружевте со фраерот од најелитниот клас, супер. Но, со тек на годините сфаќате што значи пријателството, па колку подалеку сте од такви „фраери,“ сфаќате колку сте поблизу до оние висинските кои вредат цело богатство.


2. Дали станавте личноста која сакавте да бидете

Ги остваривте ли целите кои ги имавте на 16 години? Некои можеби да, но веројатно поголемиот дел не. Целите се менуваат и тоа е нормално, па затоа не се оптоварувајте што помина „цела деценија.“ Имате само 25 години!


3. Колку се забавни плановите за излегување

Веќе не ви е важно дали ќе бидете видени, затоа што потребни ви се одредени услови. Без резервации или 3-4 дена претходна најава, не ни размислувате да мрднете од дома. Понекогаш лумпувањето до 4 наутро е одлично, но петокот е многу поубав кога е резервиран за шише вино, добар филм и долги разговори со пријателите.


4. Социјални мрежи

Тие станаа место каде ги споделувате клучните информации, ги следите профилите кои ве информираат и инспирираат, наместо да ги гледате сликите од најновата пијанка или да дискутирате на тема „со кого беше синоќа.“


5. Дечкото од средно

Кој воопшто ја памети таа врска? Односот беше исклучиво детски и нема ни приближна вредност на она што сакате да го имате денес.

10-raboti-koi-stanuvaat-nevazni-koga-ke-napolnite-25-godini-02.jpg

6. Легнувањето на одмор исклучиво откако ќе се раздени

Забавните патувања, забавите до рано наутро и пијаните ноќи некако стануваат здодевни. Сега не е важна количината на текила, туку квалитетот на виното, критериумите за сместување се далеку понормални, а на плажа обожавате да бидете околу 10 наутро.


7. Сјај за уста

Сега е само уште една работа заради која дечкото ќе се жали и косата ќе ви се лепи, што е далеку од неопходно.


8. Рамен стомак

Кога ќе започнете да стареете, полека сфаќате што сè има штетно влијание врз организмот. Се трудите да го сакате и негувате телото за да ви возврати со иста мера, па затоа многу поважен ви е здравиот оброк отколку диетата за рамен стомак.


9. Задолжителна целосна шминка

Сепак постојат денови кои се резервирани за хидратантна крема, маскара и лабело.


10. Мислењето на другите

Животните навики вртоглаво се менуваат низ годините, ако се движите во нормален правец. Токму затоа 25-те години се идеално време кога треба да престанете да се грижите за туѓите желби и задоволства, а малку повеќе да се посветите на своите.

10-raboti-koi-stanuvaat-nevazni-koga-ke-napolnite-25-godini-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Самоубиство, предозирање, убиство: Деца генијалци чии животи завршиле трагично Програмерскиот гениј Арон Шварц изврши самоубиство на само 26 години, додека ист...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg