Што ќе се случуваше ако не моравме да спиеме?

Сигурно барем еднаш во животот сте се запрашале, што ќе се случуваше доколку постоеше некој „лек” против спиењето, кој би ни овозможил да не чувствуваме замор.

sto-kje-se-slucuvase-ako-ne-moravme-da-spieme-1

Научниците велат дека сонот игра голема улога врз начинот на кој луѓето го структурираат животот. Тие веќе подолго време истражуваат што би настанало доколку се избегне спиењето.

Погледнете на кој начин ќе се одвиваше животот ако не моравме да спиеме

Поголема продуктивност?

Многу луѓе мислат дека би биле повеќе продуктивни, доколку имаат повеќе време на располагање. Свет без спиење, со дополнителни 8 часа во денот, можеби звучи совршено, но тоа време нема да биде најдобро искористено. На човековиот мозок му е потребна пауза за нормално да функционира, па затоа продуктивноста би била сведена на минимум.

Промени на работното место

Повеќе немате потреба од сон, а вашиот шеф ви ѕвони во 3 часот наутро за да завршите некоја работа...Сигурно не ви звучи примамливо, а доколку не му кренете, кој ќе ви биде изговорот? Луѓето кои инаку работат деноноќно имаат лоши последици, а доколку немаше потреба од сон, ќе постои поголема потреба за ноќни смени, отколку што има сега.

Проблеми со нашите најблиски

Сите сакаме да поминуваме колку што е можно повеќе време со саканите личности, но премногу време и не е баш толку забавно. Ако сите сме будни и активни, кога ќе имаме време да одмориме од блиските луѓе? Секој човек има потреба за одмор од интеракциите со другите.

sto-kje-se-slucuvase-ako-ne-moravme-da-spieme-2

Економско влијание

Штом не спиеме, ќе имаме повеќе можности за поголема заработка, а со тоа и повеќе ќе трошиме. Ќе трошиме повеќе пари на оброци, греење во домовите и слично.

Здравствени импликации

Научниците велат дека постои можност нормално да се функционира без спиење, но тоа ќе значи и зголемен ризик за болестите со срце. Иако, не се познати долгорочните последици од земање на таков лек против спиење, сепак истражувачите се согласуваат дека недостаток од сон негативно влијае врз мозокот и формирање на сеќавања. 

Би можело да ве интересира:

Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg